Холивудската актерка Анџелина Џоли (47) е фотографирана на кафе со ѕвездата од серијата „Нормални луѓе“ Пол Мескал (26) во кафуле во Лондон. Фотографијата ја споделил еден обожавател кој ги забележал, а таа брзо се проширила низ социјалните мрежи.


Во излетот им се придружила и ќерката на Анџелина, Шајло (16), која филмската ѕвезда ја има со поранешниот сопруг и актер Бред Пит. Странските медиуми пишуваат дека мајката и ќерката го запознале ирскиот актер откако тој ден во еден лондонски театар ја гледале неговата претстава „Трамвајот наречен желба“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.