Речиси 27 години по убиството на нејзиниот татко – италијанскиот моден дизајнер Маурицио Гучи, неговата ќерка Алегра Гучи проговори за искуството, гласините, како и за наводните неточности во филмот за случувањето.

Таа напишала книга за да ги исправи податоците за нејзината мајка и вмешаноста во убиството на нејзиниот татко – приказна којашто ја освои имагинацијата на поп-културата. Таа, всушност, од телевизија дознала дека се работи за убиството.

Кога ќе минете низ такво нешто, тоа е како цунами! Јас бев во мојата соба… Не спиев добро таа вечер. Мајка ми Патриција Реџијани, влезе одеднаш и ми кажа дека татко ми е мртов – за списанието „Венити фер“ раскажува Алегра за настаните од таа 1995 година,кога таа имала 14 години.

На 27 март 1995 година платен убиец го уби Маурицио Гучи, кој во тоа време беше раководител на познатата модна куќа „Гучи“.

Обвинителството сметаше дека Реџијани, од којашто Гучи се разведе во 1985., била мотивирана од завист и финансиска добивка и го нарачала убиството. По 18 години затвор, таа беше ослободена во октомври 2016.

Алегра Гучи воп книгата вели дека нејзината мајка се променила по операцијата на тумор на мозокот во 1992 година.

Таа не се согласува со начинот на кој нејзината мајка е прикажана во филмот на Ридли Скот – „Куќата на Гучи“, објавен лани со Лејди Гага како Патриција Реџијани и Адам Драјвер како Маурицио Гучи.

Филмот содржи многу лаги – вели таа, истакнувајќи дека би сакала да ги исправи со својата книга.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.