По гласините дека Ал Пачино и Нур Алфалах се разделиле, јавноста сега дознава оти познатиот глумец се согласил на неговата партнерка да ѝ плаќа 30.000 долари месечно за грижа за нивното петмесечно бебе, објави „Ти-ем-зи“ (TMZ).
Тоа, како што се чини, за 83-годишниот глумец е само почеток. Првичните податоци говорат дека 54 години помладата Нур ќе добие и аванс од 110.000 долари, како дополнение на основните 30.000 секој месец. Пачино ќе плаќа и за образованието на детето, при што парите ќе одат на сметка за образование…
Се говори и за други трошоци. Западните медиуми пишуваат дека двојката е разделена, а новопечената мајка поднела документи на Суд за детето да остане кај неа. Сепак, според „Дејли мејл“, член на семејството ги отфрлил тие наводи, велејќи: „Тие сѐ уште се заедно“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.