Вчеравечер се одржа промоција на уште една во низата народни песни кои ќе го обединат македонскиот народ.
„Балкан бенд“ го промовираа најновиот музички проект насловен како „А бре, Македонче“. Зад ова музичко парче како аранжер се потпишува Дарко Илиевски, а мастерот е дело на Дејан Момироски. Спотот е направен под режиската палка на маестралниот Даниел Јовески.
Домаќин на вечерта беше легендарниот Игор Џамбазов, кој со своето присуство ѝ даде посебна нота на целата промоција.
Момците од „Балкан бенд“ на промоцијата со огромно задоволство открија дека ова е најскапиот музички проект кој се случил во Македонија во последните 10-на години.
Ова што го гледате и слушате вечерва како финален производ, го подготвувавме од 2018-та година и сме пресреќни што конечно ја споделуваме со вас „А бре, Македонче“ и горди сме што ѝ оставаме еден траен белег на Македонија, рекоа членовите од „Балкан бенд.
Реакциите за спотот и песната се и повеќе од одлични, а доказ за тоа се и бројот на прегледи на Јутјуб. За само неколку часа повеќе од 15.000 корисници го прегледале видеото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.