Егзитовата „Денс Арена“ веќе со години ужива статус на вистински храм на електронската музика и водечки танцов подиум во светот. Сместена во колосалните ровови на Петроварадинската тврдина, таа останува неизбежен аџилак за сите фанови на електронската музика, не само од регионов, туку и ширум светот. Карл Кокс, „Бонобо“, „Блек Кофи“, Масео Плекс, Сама’ Абдулхади, „Клангкуенстлер“, Карлита, „Ај Хејт Моделс“, Патрик Масон и уште низа глобални титани подготвени се да ја запалат единствената „Денс Арена“ чија иновативна и импресивна програма, како и сјајна продукција, секоја година се издигнува на повисоко ниво. Ни тука не е крајот, бидејќи наскоро пристигнува уште едно големо изненадување кое ќе ја заокружи електронската одисеја на овогодишниот ЕГЗИТ Фестивал!

Составен дел од рејв-искуството на Тврдината е и култната „Но Слип Нови Сад“ бина која со години наназад на фановите им го претставува алтернативниот електронски звук. Сара Ландри, Огуз, Јотто, Естела Боерсма, Францис Мерсиер, Хелена Хауф и многу други ќе ја донесат својата уникатна енергија во бессониот ров од 11 до 14 јули. Без разлика дали ве привлекува техно, хаус или тек-хаус, на ЕГЗИТ пристигнува постава подготвена да го задоволи секој музички вкус.

Со гордост претставуваме едно од најсилните изданија на електронската програма на ЕгзитСекоја година и програмата и продукцијата ги подигнуваме на повисоко ниво, како би ја оправдале репутацијата на водечкиот танцов подиум во светотизјави основачот и директор на ЕГЗИТ фестивалДушан Ковачевиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.