Во вторник, на 16 јули 2024 година, во Public Room во Скопје, со почеток во 21:00 часот ќе имате можност да го проследите концертот на музичката група Думаи Дунаи. Концертот е организиран во соработка со Локум Фест Битола.

Со седиште во Монтреал, седумте членови од Бугарија и Украина на овој бенд ги комбинираат длабоките тонови на даб со енергијата на панк рокот, сировата екстаза на разнесените балканските дувачки оркестри и радостите и тагите на украинската селска полифонија.

 

Водечките вокали Наталија Теленцо и Ели Камило пеат и пишуваат стихови на неколку јазици, вклучувајќи украински, англиски, српски, полски, шпански, македонски и римски.

Влезот е слободен!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.