Познатиот актерски пар Џејда Пинкет Смит (52) и Вил Смит (55) не живеат заедно седум години, на изненадување на обожувателите открила Џејда за магазинот People.
Двојката не се разведе и се уште се обидуваат да дознаат како изгледа иднината на нивниот брак.
Додека стигнавме до 2016 година, едноставно бевме исцрпени од обидите. „Мислам дека и двајцата сè уште бевме заглавени во нашата фантазија за она што мислевме дека треба да биде другата личност“, рече Џејда.
Објаснила и дека размислувала за правна разделба, но не можела да се одлучи на тој чекор.
– Си ветив дека никогаш нема да има причина да се разведеме. Ќе го пребродиме сето тоа. И едноставно не можев да го прекршам тоа ветување – изјавила актерката.
Џејда и Вил работат на својата врска, а не ни живееле заедно кога Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок на Оскарите за навреда на Џејда.
– Имаме многу љубов еден кон друг – објасни таа.
Да потсетиме, парот е во брак од 1997 година, а заедно ги имаат синот Џејден (25) и ќерката Вилоу (22). Актерот го има и синот Треј (33) од првиот брак со Шери Зампино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.