„Балада за анѓел“ е песна на Григор Копров, со аранжман на Стефан Петановски а по текст на Душан Бачиќ, што на фестивалот „Белградска пролет“, (20 април), ќе ја пее девојка со бисерен глас, Ана Петан.
Песната по многу нешта е особена, првин затоа што звучи многу моќно поради супериорниот вокал на Ана, а потоа затоа што е инспирирана од еден коментар на јутјуб, напишан под песната „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, една од омилените на Тоше Проески… Така коментарот „Када сам тужна ти си ту, кад сам среќна ти си ту, у сваком мом новом дану…“ стана рефрен на оваа балада, која потсетува на Тоше, на љубов и големи емоции.
Ана е пејачка со огромен потенцијал, а овој настап е одлична можност да ја слушнат и надвор од границите: и посакуваме многу среќа и на „Белградска пролет“ и на следните летни фестивали „Сунчане скале“, „Шибенска шансона“ и „Охрид- фест“ што годинава ќе се случува на 30 и 31 август.
Фото: Диоген Хаџи- Коста Милевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.