Фестивалот започнува на 5 јули со дводневниот настан Free Spirit Days на Скејт парк Охрид и завршува на 12 јули на Петровден со добропознатиот настан – Староградска пловидба со ВИС Билјана „Ој љубов, љубов“. Организацијата на настание е на „Културолошка Иницијатива 5 до 12“ и за првпат ќе има фестивалско издание.

Фестивалот ќе се отвори вечерва, на скејт-паркот во Охрид, со почеток во 18 часот со настанот „Free Spirit Day“. Најавени се музички настапи на „Rootboy Selector“, слушачка промоција на новиот алубм на „Primitive Dread“ и концертен настап, настап на „Новиот Почеток“, а потоа во клубот „Ребел“ се најавени настапи на бендот „ИСКРА“, како и на диџеите „Grinsen“ и „Fitz from the World“.

Во сабота пак, е предвидено да се одржи и традиционалниот скејт натпревар и настап на локалните диџеи „Шизика“, „Ацко“, „Достин“, „Багзи“ и „s1m3 DnB“. Исто така од 18 часот.

Еден ден потоа, на 7 јули, ќе се одржи настанот „Wake@Lake“, односно дружба со кафе на изгрејсонце на старото пристаниште во градот, кое ќе започне во 5 часот.

За на 8 и 9 јули е закажано летното кино со автомобили „Summer Drive-in Cinema“, со проекциите на филмовите „Те дуа, жими мене“ и „The Happiness Effect“. Проекциите е предвидено да започнат во 21 часот во поранешната охридска касарна.

Во склоп на фестивалот, на 10 јули во 20 часот ќе се одржи и настанот „Museum Mashup“, односно изложба на фотографии, поетско читање, музички настап и премиерна проекција на краткиот документарец „Бело платно“.

Фестивалот ќе заврши со традиционалната староградска пловидба со ВИС Билјана. Настанот ќе започне во 17:30 часот од Канео, по што ќе се плови до старото пристаниште каде ќе следува концертот на ВИС Билјана до 20:30 часот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.