Ламбе Арнаудов 

Ете, тоа е клучот на најголемата и сигурно најважната 28ма по ред ПОБЕДА, заедничка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и НАРОДОТ.

Оваа ПОБЕДА според мене е рехабилитација на Илинденското востание, и со право може да се нарече бескрвно, ненасилно и цивилизациско МАЈСКО ВОСТАНИЕ што успешно заврши и ја спаси и ослободи МАКЕДОНИЈА од неразбрани клети домашни душмани кои седум црни години го туркаа МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и нашата татковина МАКЕДОНИЈА во бездна од која што нема излез.

Победа и евентуална заклетва на кривоклетниците пред Уставот, во Собранието на Република МАКЕДОНИЈА, на овие избори, ќе значеше КРАЈ за сите надежи, досегашни достигнувања и иднина за милиони граѓани и трансформирање на МАКЕДОНИЈА во феудален посед на неколкумина одродени неранимајковци со крастосани намери за нејзино комплетно, целосно уништување.

И, безглаво удираа во цврстата неосвоива тврдина што до сега, ниту пак во иднина, некој ќе може да ја разурне и освои нераскинливата тврда агрегатна состојба врз која почива, заедничката љубов сплотена врз родољубие и патриотизам, на најсилната алијанса што воопшто некогаш постоела како што е сега оваа која цврсто стои на длабоки темели, не΄рѓосувачки шрафови, носечки ѕидови и столбови што не може никој да ги разурне, сé заедно во грандиозна цврста АГРЕГАТНА СОСТОЈБА помеѓу ВМРО-ДПМНЕ И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

Се обидовте, на разни начини, идиотски проекти, измами најчесто приземни, понижувачки одродувачки, насилни, заплашувачки затворски казни апсолутно незаслужени, ограбувања, кодошења и дома и надвор, поткупи од украдени пари од народот и што ли уште не, црни сценарија што нормален човек не може да ги замисли а камо ли да ги примени.

Почнавте, гласно срамно, со името, ама…:
ИМЕТО ВИ ГО РАСПЛАКА МАМЕТО.

Генијалноста на расипаните умови лежи во подготвеноста на поединци тиквари, како вас неколкумина, да измислат и направат штета со трајни, несогледливи и апокалиптични последици по народот, државата и сите нејзини институции, и до толку арогантни од приграбената моќ Господ Бог единствениот, го заменивте со многубожества од вас самопрогласени богови кои сега кога ви ги симнавме маските, сите, дури и вашите најблиски видеа какви црни ѓаволи (натемаги) сте.

Со вашите пореметени менгелевски мозоци знаевте што правите. Името, повлекува сé, тоа е крстително од ГОСПОД како што е изводот од матичната книга за сите нас.

Знаевте што сé повлекува и затоа почнавте од змијата што го измами АДАМА со јаболкото. Почнавте со името, во својот пеколен поход кон разнебитување на МАКЕДОНИЈА уништувајќи ги сите природни нишани и државнички обележја на еден древен народ МАКЕДОНСКИ, идентитет, јазик, култура, историја, традиции, фолклор, вероисповед, после кое сето ова исчезнува еден цел народ. Геноцид од домашни автофашисти, што конечно доведува до вашата крајна цел, губење територија, исконска, што цареви, императори, кралеви, силни царства, срамни алијанси, не успеале.

За малку ќе успеевте. Ама заборавивте на ВМРО-ДПМНЕ, бедемот на одбранате на сé што е МАКЕДОНСКО, светлината на духот, топлината на душата, храброста на срцето.

Ајде сега кажете како ќе победевте, клепачи низаедни?
НИКАКО! е одговорот.

Не ја видовте непобедливоста во цврстите врски на нашата заедничка и нераскинлива вечна поврзаност во најсилната агрегатна состојба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и НАРОДОТ.

Зошто низ текстов доминира цврстата агрегатна состојба?
Еве, зошто!

Се обидовте тој вид на агрегатна состојба што е со векови внедрена во нас да ја трансформирате.
Прво се обидовте да биде агрегатна состојба вода, да не обликувате како што ви одговара на вас предавниците. Де не туривате во разни садови и да изгледаме постојано менливи, неконстантни.
Не ви успеа!

Продолживте со четвртата агрегатна состојба да не направите лигави, да се движиме неконтролирано, со еден збор ни мое, ни твое.
Не успеавте!

Главното што следеше, деновиве ни спремавте промена на агрегатната состојба од цврста во гасовите. Од народот древен МАКЕДОНСКИ сакавте да направите пареа, која во најкраток можен рок ќе испари во воздухот без да остави било каква трага.
Не успеавте!

Ве советувам и ве опоменувам:
Престанете да водите однапред изгубени битки.
Не е важно секогаш кој победува. Важно е КОЈ Е ПОБЕДНИК.
ВМРО-ДПМНЕ кога “војува“ и победува однапред се знае победникот:
ТОА Е НАРОДОТ.

Од ПОБЕДАТА произлегува и организираноста на ВМРО-ДПМНЕ да одговори на сите предизвици опасни по народот и татковината, но и светата цел секогаш да бидеме заедно, ТИ, ВМРО-ДПМНЕ, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и МАКЕДОНИЈА.
Таква ни е судбината предодредена од ГОСПОД, да не можеме едни без други.
Оти, на крај ако не било така ќе испадне дека се во право, оние кои отпадништвото што ги снајде од народот, а кои глупаво тврдат дека народот победил.
Да, апсолутно се согласувам дека народот никогаш не може да биде поразен. Посебно не од вас недостојни да застанете карши НЕГО.

Но, се поставува суштинското прашање кое дава одговор:

Зошто народот не застана со вас?

Еве зошто.

Затоа што народот многу одамна го одбра ВМРО-ДПМНЕ за вечен сопатник низ трнливиот пат на историја, безгранично одан и лојален, кој ќе обезбеди светла иднина на генерациите кои доаѓаат.

Оваа победа е прво, само успех на меѓусебната поврзаност на народот со ВМРО-ДПМНЕ но не е судбински предодредена однапред, обезбедена, туку едноставно ПОБЕДАТА е плод на историските мудрости, знаења и одлуки на лидерот Христијан Мицкоски, неговиот тим на соништата, структурите на Партијата, членството, симпатизерите и Коалицијата. Тука лежи НЕПОБЕДЛИВОСТА.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.