Ламбе Арнаудов

Нека ни е честит и вековит роденденот на партијата, ама и  вечна да ни е и од ГОСПОД благословена љубовта што ја гаиме кон ВМРО-ДПМНЕ, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ТАТКОВИНАТА МАКЕДОНИЈА.

  • Триесет и три (33) години ВМРО-ДПМНЕ
  • Триесет и три (33) години борба
  • Триесет и три (33) години – Триесет и три (33) генерации
  • Триесет и три (33) години – Триесет и три (33) изградени мостови
  • Триесет и три (33) години ниту еден срушен

Еве зошто. ВМРО-ДПМНЕ е посебен, неповторлив и неуништлив.

Триесет и три (33) изградени мостови не само за зближување туку и сраснување со сопствениот народ, верни на заветот, издржливи на предизвици, константни во борбата и синтеза на единствената желба заедничка.

Ние од ВМРО-ДПМНЕ желби немаме. Имаме само една желба: да му се остварат сите желби на македонскиот народ.

Вие, драги мои читатели знаете дека на мостовите се исполнуваат и најпосакуваните желби.

Токму затоа таа желба заедничка прави заедништво, прави цело и го прави нераскинливо.

Триесет и три (33) мостови изградени кои ВМРО-ДПМНЕ го поврзуваат со минатото е втората челична не‘рѓосувачка алка што ја прави партијата непотрошлив материјал, вечна вредност.

Стотици илјади жртви и саможртва пред олтарот на честа и слободата за МАКЕДОНИЈА се и самопочит кон себе си и останатите истомисленици, цврсто заколнати за создавање, чување, ширење и утврдување на вродената традиција, идеалот и каузата што со право и како единствен светол пат што мораме да го изодиме, го зацрта нашиот лидер ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ.

И точно. Ликови, портрети, композиции од борби, настани и епопеи во музеи, галерии, паркови, улици и во нашиот храм со кои успеавме да се сродиме, тие станаа наши современици, ние нивни соборци и сострадалници што ништо не жалиме да подариме на својот народ и татковината МАКЕДОНИЈА, сé освен дух зошто сме свесни дека за него протеза нема.

Сите тие свети уметнички творби за нас ВМРОВЦИТЕ и МАКЕДОНЦИТЕ се поголем извор на вечна инспирација отколку кровот на Сикстинската капела од Микеланџело, што е за римокатолиците.

Триесет и три (33) мостови изградени кон иднината.

Триесет и три (33) генерации, секоја подобра од претходната, секоја поуспешна од најуспешната, секоја посплотена со народот од било која дотогаш.

ГОСПОДИНЕ ПРЕТСЕДАТЕЛЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ!

Ја предводите генерацијата на соништата која сам со своите ништо помалку заслужни соработници ја создадовте, негувате и доградува е плејадата на ретко вредни и честити членови, структури на партиски функционери, советници, градоначалници и пратеници кои обелеја  образ, донесоа изгрејсонце и на партијата и на МАКЕДОНИЈА да не е тажна а да се радува.

Ве охрабруваме и Ве замолуваме да продолжете по единствениот пат, од МАКЕДОНИЈА да направете слободен и топол дом, безгрижен и весел, радоста да ја замени тагата, љубовта омразата, добрината гневот, дружењето разделбите, честа итроста, вистината лагата, вредноста просечноста, разумот воинственоста, одговорноста хедонизмот…

Убеден сум, сите заедно со ХРИСТИЈАН напред тоа можете, сакате и ќе го направите затоа што знаете зошто и како и заради кого.

Направете го и ГОСПОД уште повеќе ќе ве засака.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.