Ламбе Арнаудов

Голем Човеку МАРКО, ТИ благодарам што денес ме направи да се чувствувам горд и среќен и да се радувам искрено на вистинските вредности со кои сите нé научи, дека животот е убав затоа што од време на време ќе се роди ЧОВЕК. Проштевај МАРКО што, иако си дете те нарекувам ЧОВЕК зошто ТИ си многу повреден од илјадници и илјадници луѓе заедно, и уште многу кои никогаш нема никој од нас да израсни во ТИТАН-ЧОВЕК ни приближно рамен на ТЕБЕ.

Денес кога доплива во пристаништето во Охрид после 64 км препливана најдолга делница во историјата на маратонското пливање во еден здив, солзи радосници ни навреа на сите кои бевме таму, клечиме пред ТЕБЕ и длабоко ТИ се поклонуваме и од срце ТИ БЛАГОДАРИМЕ наш, на сите СИН со кој се ГОРДЕЕМЕ.

Почитуван мој МАРКО, ТИ денес и изминативе денови и години на сите нас ни залепи по една жешка шлаканица од која додека сме живи ќе ни црвенеат образите (оние кои имаат образ).

Нé научи што е челична волја, екстремно висока издржливост, жилавост и трето што е најважно, импресивно и восхитувачки кај ТЕБЕ, тоа што секој збор што го даде и го исполни, одржа.

Четврто, сигурно и неповторливо, тоа што го правиш го правиш со невидена скромност и кога поминуваше мирно достоинствено меѓу ТВОИТЕ почитувачи кои скаменети се чудевме, но искрено, топло и со благодарност се радуваме на светски постигнатиот резултат, ТИ МИЛИНА наша како да ни кажуваше: “Ова е моја должност“ и нормално без никаква задршка ТВОЕТО постигнување им го подари на својот македонски народ и на твојата татковина МАКЕДОНИЈА, порачувајќи ни дека сите овие генијални дела и натчовечки залагања никогаш не се доволни за да се оддолжам на мојот народ и мојата татковина.

Права е среќа што сам, веројатно по Божја промисла тргна во остварување на овие највисоки дострели што еден човек може да ги достигне.

Ако ТЕ земаа под свое разни матрапаси, ти ќе победуваше, ќе соборуваше рекорди, а други ќе се китеа.

ТИ Благодарам ТЕБЕ лично и на ТВОИТЕ најблиски што на импресивен и зачудувачки начин ТЕ сочуваа од ситните патуласти човечиња, а ТИ КОЛОС безвремен.

ТИ докажа дека вистинските вредности се кај обичниот, мирен и трудољубив народ, а не во  вештачки градени митови и елити бели мермери од надвор, а скапани и мувлосани одвнатре.

64 километри е растојание од твојот, мојот и од сите сакан Охрид до Битола.

Тие кои денес најмногу црвенеат посрамотени од твоето епохално дело, со црни и сиви мерцедеси придружувани од десетина горили и стопиран сообраќај мачно им е и негодуваат додека ги извозат нивните скапо платени возачи еднакво како што тие го возат својот народ.

Марш на власта, истајте се сите. Претседател, премиер, министри, обвинители, судии, директори, академици, свештени лица, претседатели на разни комисии предавнички, владини, невладини организации, институти, корумпирани полицајци, заведени, војни старешини, хорор дипломати и други антимакедонски елементи.

МАРШ НА СИТЕ !

НЕ НИ ТРЕБАТЕ !

НИЕ  ГО  ИМАМЕ  МАРКО !!!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.