Ламбе Арнаудов

Најлоши луѓе се оние кои кога ќе ги налутиш, ти ги оспоруваат твоите квалитети, ги прераскажуваат твоите тајни што само ним им си ги доверил, забораваат со каква почит и пиетет си се однесувал кон нив и на крај шират лаги за тебе.

Такви се луѓето  на кои поносот и гордоста како завеса им се спуштила пред очите и ништо не гледаат. Не можат да ги сокријат своите слабости, па се обидуваат да ги префрлат на другите кои па по правило се многукратно подобри од нив.

Отровните стрели исфрлени од заседа, која само за нив глупавите е скриена и безбедна, а толку е разголена што за сите е видлива, особено за целта.

Тогаш сé се распаѓа, целта, стратегијата е прочитана, тактиката е неспроведлива, и место да им наштетиш на оние за кои е наменета, ти сам паѓаш во сопствената стапица, а и твојата злонамерност се претвора во рапсодија на комплименти.

Длабоко потонуваш во живата песок на сопствената заблуда и продолжуваш да лаеш ли лаеш, сега на сенки или на глува месечина зошто, оние кон кои го упатуваш твоето безопасно лаење сега се многу далеку и уште повисоко за да те слушнат. И тоа благодарение на тебе лош човеку.

Сега се поставува прашањето, прво до твоите работодавци: За кого работиш и на која воденица си ја навртил бистрата вода за да ја изматиш? И второто: Ти, лично свесен ли си дека како и да се завртиш во иднина, задницата ќе ти е одзади, а разумот испарен. Тие на кои си им служел, ќе те отфрлат посрамотен, затоа што си ги изрезилил, а титаните на кои им си се намерачил на маслат не те ставаат, за нив си невидлив и во минатото и сега.

За иднината не зборувам затоа што таквите како тебе немаат иднина.

Интересно е, помалку чудно, што ова го прават луѓе чии што гордост, совест и тенки вредности за нив се недопирливи, со што сами себе се прогласуваат за недопирливи и најпаметни во сопствениот свет на длабока осаменост во која се втурнале слушајќи најдобронамерни совети.

Трагедијата која сами си ја подготвивте и во неа попаднавте не ве научи дека:

Едно искуство вреди повеќе од илјада совети, па продолжите да шетате по стари ќерамиди и гнили греди и кровови сé додека па еден по еден ќе завршите на земја и никогаш нама да се подигнете. А, ТИЕ кои вие ги прогонувате и лажно ги обвинувате ќе одат напред, ќе се качуваат високо колку што сакаат и можат затоа што вие сте многу долу ниско и не можете да ги сопрете ниту сопнете.

Ве нема на нивниот пат.

На крај само сакам да ве охрабрам да продолжете со оваа мисија срамна, безопасна, исцрпувачка за вашата злобна душа и незрела памет. Пропаѓајте  длабоко, нека се гаси светлоста ако некогаш воопшто сте ја имале, за ТИЕ кои не се како вас безгрижно но со силно еруптивно и чврсто со карактер што го пренесуваат на својот народ и го носат во светла иднина, благосостојба, мирна и безбедна средина во која сите заедно ќе ги одгледуваме своите деца и внуци и ќе ги учиме да не бидат како вас туку да бидат како ТИЕ кои се без причина без милост неоправдано нападнати од вас, битанги непрокопсани и предавници.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.