Сé е полесно кога пријателите се тука. Пријателството е дар Господов и претставува флуиден и двонасочен однос со строго изразена лојалност и почитување од двете страни и јасно засекогаш потврдена верност.
Пријателството, ги достигнува највисоките дострели, тогаш кога е воспоставено помеѓу, од една страна политичарите, водачите, народните трибуни и лидери, со еден збор власта, а од другата страна, народот.
Од тука, секоја политичка партија, организација или поединец, најмногу грешат кога ќе тргнат да бараат доверба од народот (гласачот, граѓанинот) ветувајќи сé и сешто. Притоа заради својата несигурност, неспособност и лицемерие, љубоморно би рекол недоветно бараат народот да биде нивни пријател користејќи го неговото пријателство само додека поминат изборите, без намера на подаденото пријателство да возвратат на начин што и тие се спремни да станат пријатели на народот.
Така понуденото пријателство е тешко кривоклетство веднаш препознатливо од мудриот народ кое не носи ништо добро никому освен на кривоклетнизате измамници.
Тогаш од позиција на сила власта станува горопадна, гази сé пред себе и од изневерениот народ прави непријател број еден.
Седумте гладни години поминати со СДСМ, според Теоријата на релативитетот на Ајнштајн, ни се видоа ко 70 тешки години и сите посакуваме што побргу да заминат, но не да се заборават за да не се повторат.
Не сум пророкот Мојсије да толкувам соништа како од сонот што значат седумте слаби крави што симболизираат седум гладни години.
Напротив сведок сум на едно време, расонет и буден до крај, па од тука познавајќи ги фараоните од СДСМ кои се генетски родени и создадени од ХАОСОТ, знаев што нé чека.
Оние кои ме читаат знаат дека точно пред 8 години во една колумна опишав сé што ќе ни се случи со НЕПРИЈАТЕЛИТЕ на народот организирани од група малигни елементи всадени во чесното здраво македонско ткиво, доцна дијагностицирани антиполитички криминални групи од видот на невладини здруженија, соросоиди, проклети предавници, тркачи на кратки патеки, многу спори, но благодарение на врзаните нозе на вистинските луѓе нé претркаа, го исмејуваа граѓанинот, го понижија МАКЕДОНЕЦОТ, го ограбија народот, ја излажаа меѓународната заедница, ги прегазија човековите права слободи и ги уништија честа и достоинството на ЧОВЕКОТ претворајќи го во биоробот, сиромав, зависен и прогонет.
Притоа бесрамно демонстрираа сила, заплашување, уцени, закани, погрешно мислејќи дека народот заборава, се опуштија во летаргични лелеајна на својот украден комодитет мислејќи ќе трае вечно.
И, тука доаѓа до дефект, флуидот е двонасочна улица, ама овие арамбаши го завзедоа цел пат за себе оти нели небаре тие го изградиле силно галопирајќи како диви коњи газејќи сé пред себе и сé така додека не си ги скршија главата и вратот (зошто кичма немаат) судирајќи се во најцврстиот бедем што некогаш е изграден од непробоен материјал, НАРОДОТ.
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
Тој, народот, го препозна и прифати за свој најдобар другар, верен пријател и вечен заштитник ВМРО-ДПМНЕ кој беше на првата линија на фронтот на одбрана, од кого се одбија, треснаа на земја и политички исчезнаа. Убеден сум за на век.
ВМРО-ДПМНЕ, предводена од лидерот Христијан Мицкоски, сиот свој потенцијал, огромен капацитет на можности и знаења го стави како и секогаш во служба на својот народ. Народот поверува затоа што ПРИЈАТЕЛИТЕ НА НАРОДОТ од ВМРО-ДПМНЕ секогаш се со НЕГО и во добро и во зло.
Ова пријателство ќе трае додека има век и свет. Искрено е и честито, препознатливо чисто бисерно, отворено и чесно.
Пријателите на народот својата љубов безусловно ја подарија однапред, затоа што се сигурни дека за да заслужиш пријателство од неговото величество НАРОДОТ мораш прв да ја подадеш раката.
Раката што дава е секогаш горе, срцето чука во еден ритам со народот, душата се преселува и се спојува со своите, од каде што потекнува.
Македонски народе! ПРИЈАТЕЛИТЕ на НАРОДОТ од ВМРО-ДПМНЕ, вашите пријатели, се вечно со тебе, ТИЕ сé ќе ти дадат, а за возврат ништо не бараат.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.