Ламбе Арнаудов
НИТУ ЕДНА РАБОТА ВО МАКЕДОНИЈА НЕ МОЖЕ СА СЕ ЗАВРШИ, СÉ ДОДЕКА ВМРО-ДПМНЕ НЕ ЈА ЗАВРШИ КАКО ШТО ТРЕБА.
Од тука, на сите кандидати за пратеници на следните парламентарни избори ви посакувам да добиете МАНДАТИ.
ВИЕ ТОА ГО ЗАСЛУЖУВАТЕ!
Сите ние членови на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, истовремено сме горди но и благодарни што ни ја олеснивте работата без и најмалку двоумење да го избереме најдоброто од најдобрите.
Убеден сум со вашата духовна градба посветена на идеалите на ВМРО-ДПМНЕ, љубовта кон татковината и благодарноста што ја имате кон средината во која сте растеле, граделе, доградувале и подарувале најдоброто од себе, ќе знаете, како и досега да го цените и оправдате доверието што ви го дала ПАРТИЈАТА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ОРГАНИТЕ.
ВИЕ, сега сте најскапоцените и најсветлите монизди вградени во долгиот македонски ѓердан на грлото на преубавата девојка МАКЕДОНИЈА, која во минатото многупати, злонамерни луѓе, но и сега, често се обидувале да ја обесчестат и не успеале токму заради вас, останала чиста, никогаш недопрена и чедна.
Тоа го можат и го гарантираат само луѓе како вас.
Знаете, луѓето се разликуваат по многу нешта, но најбитната разлика е во тоа што: едни, како овие мои комшии на поранешна “Бихачка“, актуелни кираџии, уште неколку денови, се без душа. Тие се првите, ги користат сите благодети од татковината и народот, а да ништо за возврат не даваат.
Втората категорија се огромен процент од народот кои покрај физичката и телесна градба, имаат душа.
Ама, душа која е површинска минлива и променлива во барањата што ги има со текот на времето и годините, различна.
Таквата душа кој повеќе, некој помалу, сите ја носиме и има хедонистички карактер.
Сите сакаат да живеат лесно, без напор, добро да се нахранат и напијат, скапа гардероба, златни пропратни елементи, куќи, хациенди, големи станови, дуплекси, уживање, одмори и некои други недозволени или полудозволени будалии.
И, сето тоа е разбирливо до оној момент додека таквото задоволување на твојата душа не се претвори во тешка себичност на штета на некој друг, или уште полошо, со своите незаситни апетити да ја наруши рамнотежата во општеството во кое живееш и не е создадено само за тебе, туку за сите.
Дури, и ова последново да не е содржано во гладот на твојата душа, сепак тоа од личен аспект е можеби убав, но за жал не остава ТРАГА. За кусо време никој не ќе се сеќава за таквите.
Душа со длабочина, или длабока душа е тоа што ги прави поединци безвремени, вечни.
Како во земјината кора во најголемите длабочини се наоѓаат најскапоцените елементи тврди, нескршливи, дијаманти и други бесценети камења, та во длабочината на душата се насадени највистинските и најголемите човечки вредности, честа, родољубието и патриотизмот.
Тоа, нас ВМРОВЦИТЕ нé прави различни од другите, затоа што сме спремни во секое време на народот и татковината да им го подариме најдоброто.
Пратениците, гордоста наша, секогаш до сега, но и сега сум убеден дека длабоко од својата душа ќе го ископаат најдоброто, семе благородно самоник чист македонски, и ќе го посеат на плодна земја македонска која што на радост на сите, вечно ќе вирее, расплодува и ќе го дарува на луѓето.
ПРАТЕНИЦИ СРЕЌНО! НА ВАШИОТ ТРНЛИВ ПАТ НО БЛАГОРОДЕН ШТО ЌЕ ГО ИЗОДИТЕ ЗАЕДНО СО СВОЈОТ НАРОД и ќе го обелете образот на сите борци кои со својата саможртва нé научиле како се дава, а не се бара од татковината, свесни дека:
МАКЕДОНИЈА СВОИТЕ НЕ ГИ ЗАБОРАВА!
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.