Ламбе Арнаудов
Така се прави тоа. Кога ќе зафати тешка болест кај еден, двајца, тројца политичари, веднаш преминува во епидемија.
Оваа тешка болест со ретка дијагноза во светот, а толку честа кај вас, се нарекува непризнавање на народи и е препознатлива по тоа што е неизлечива.
Болеста го напаѓа мозокот и стануваш несвесен, а се манифестира со познати симптоми што кога нацијата што ја напаѓаш ќе се одбрани не можеш да запреш и својот бес го истураш врз својот народ и му правиш големи штети, а само ти не си свесен, иако цел свет тоа го гледа и ви се смее.
Низ призмата на прекршената светлост, на актуелната состојба во меѓусоседските односи помеѓу Македонија и Бугарија, овие денови сме сведоци на оркестрирани напади, апсолутно непринципиелни, кон премиерот Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата и заменик премиер, министер за транспорт и врски Александар Николоски.
Упатените несмасни, крајно вулгарни забелешки од страна на високи бугарски функционери и историчари воопшто не допираат до нас и не нé вознемируваат.
Единствена реакција наша е чудењето, со каква леснотија се мешате во внатрешната политика на една суверена, самостојна, независна и демократска држава како што е Македонија, и тоа од земја членка на ЕУ што според Уставот е апсолутно не е дозволено.
Да не се замислувате пратеници вие во македонскиот парламент и барате оставка на министер од Влада на друга држава, во конкретниов случај Македонија.
Смешни и неприфатливи се упатените навреди кон луѓето кои чесно, одговорно и достоинствено си ја работат својата работа. Наидовте на тврд орев со силно развиен патриотски дух неопходен за вистински лидери и трибуни на македонскиот народ и Македонија и затоа не сте навикнати, не се како досегашните таканаречени лидери од Македонија кои пред вас овде клечеа и ползеа.
Но, Не, по сé изгледа вие не сте нецивилизирани политичари, професионалци нималку, аматери кои ја упропастувате дипломатската и политичката професија, туку дилетанти од прва категорија.
Со својата крајно неодговорна политика на негирање на сé што е македонско, во последно време еруптивно нагласено, со видлива омраза успеавте да ги избришете Бугарите во Македонија од 169 на неколкумина.
Вашата недоветна национална политика се претвори во стимулативна одбојност, и вие станавте асимилатори и малиот број бугарски граѓани уште повеќе се намали.
Домино ефектот е необјаснив на вистинитиот ефект и ќе се одрази и понатака во нашиот дел во Бугарија.
Уште еден пример дека вашиот дилетантизам во политиката има историски корени.
На пописот во 1946 година во Пиринска Македонија имало околу 200.000 Македонци, со апсолутно примена на законодавството на чиста автономија.
Само неколку години подоцна на следниот попис да има само десетина илјади запишани Македонци.
Запрашан новиот премиер и прв секретар на бугарската работничка партија Тодор Живков, во Обединетите нации во одборот за човекови права, слободи и самоопределување, каде исчезнаа толкав број Македонци одговорил:
Моите претходни водачи комунисти, чистокрвни Бугари со силна репресија и принуда ги терале Бугарите да се чувствуваат Македонци.
Додека сега со него слободно демократски ја изразуваат национална припадност.
И, сега се паѓа во вода, што постојано нé нарекувате нас Титова творба кога и вие самите сте биле вешти “производители“ на македонската нација, идентитет, култура, јазик и сé друго што нé прави различни од сите па и од вас.
Во овој период, до црната интервенција на Живков, двата народи, македонскиот и бугарскиот, толку се зближија, се почитуваа и ги истакнуваа различностите што за среќа воопшто не делуваше на расположението.
Се појави Живков и го запира.
Повторно, до пред неколку години, полека но сигурно тоа се надминуваше и бевме сведоци на извонредно релаксирани односи меѓу двата народа со должно взаемно почитување на посебноста.
И, ете ти го вториот Живков, сега во Македонија, Заев влета во замката вешто поставена но за среќа се сопна на македонскиот народ.
Поука: Ниту еден договор, протокол, декларација на вакви политичари како вас и вашиот Заев, не може да направи подобри меѓусоседски односи меѓу двата народи освен самите тие: Македонците и Бугарите.
А, Пирин е наш, македонски. Тој е нашиот Пијамонт. Ќе живееме сложно, заедно, со меѓусебно почитување на актуелноста. Во спротивно вие ќе бидете виновни што вечниот сон и понатака ќе го сонуваме сé додека не стане јаве. Друго нема!
Вистината боли. Вам ви е јасно како светол ден. Затоа сте и така настрвени.
Убеден сум дека разумот ќе надвладее!
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.