Ламбе Арнаудов

Употребата МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНСКИ, МАКЕДОНСКО, МАКЕДОНСКА… не им штети ниту на народот, ниту пак татковината и/или на нејните стратешки пријатели, освен на предавниците што ја продадоа.
Каква врска има Епопејата на НОЖОТ со Самитот на НАТО?

Има.

Еве каква:

Време пост илинденско.
ѐ
Отоманската империја обременета, истоштена, нефункционална и со делумно контролирани состојби на голем број од териториите запоседнати од минатото, охрабрува многу народи да обноват или ново создадат самостојни суверени држави преку буни, востанија и секаков друг вид на отпор, но и преку дипломатски засилени активности.

Ќе ми простат некои историчари или аналитичари за успешноста или пак постигнатите цели на ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ и нивното толкување, но лично мислам дека оваа епопеја од македонското национално и ослободително движење има историски голем придонес и значење во општата и еруптивно јасно изразена желба на многу народи, меѓу нив и македонскиот за формирање и организирање сопствени самостојни држави.

Сé повеќе беше јасно и како никогаш дотогаш македонскиот народ не бил толку блиску до конечно остварување на својот многу генерациски светол сон.

Ваквата геополитичка и стратешка состојба на Балканот веднаш ги пробуди и ги раздвижи големо националистички и асимилаторски процеси од традиционалните, умислени полагачи на правото да ја грабнат територијата и го прогласат народот за свој.

ВМРО организирано и војнички политички се става во акција да ги спречи овие негативни погубни процеси, така што ги организира своите борци, комити и војводи, во разоткривање и елиминирање на носителите на ваквите валкани игри.

За таа цел во 1906 и 1907 година во делот на Прилепскиот, Кавадаречкиот и Демир Хисарскиот регион успешно се справува со ваквите негативни дејствувања на големогрчките и големосрпските асимилаторски аспирации. Во оваа мошне значајна во тој момент и круцијална борба учествуваат околу 200 борци со огромен успех во извршувањето на поставените задачи.

Се наѕираат позитивни решенија и исходи за МАКЕДОНИЈА со оглед дека се ближеа годините на промени 1908 и 1909 година.

Спрегата помеѓу носителите на асимилаторските процеси и домашните предавници доведе до силен одговор од страна на турската ПОРТА, и со голем број ангажиран аскер, четите биле принудени да се повлечат.

Една чета организирана од млади комити од Костур го запоседнала врвот НОЖОТ и се подготвила за одбрана. Кога турскиот командант на комитите им порачал да заминат и да се куртулат на чистата западна падина, тие одговориле:

“Ние дојдовме да се бориме и да загинеме, а не да бегаме.“

Така, сите 67 млади Костурчани го положиле својот живот на олтарот на татковината во една од најепохалните битки во пост илинденскиот период, на 14 јули 1907 година.

Што е овде најинтересно?

Сите чети биле од МАКЕДОНЦИ, немало Вардарци, Пиринци, Егејци, многумина меѓу себе не се познавале, а биле од цела МАКЕДОНИЈА и од Костур и Џумаја и Прилеп, Сер и единствен знак на распознавање им бил нивната заедничка цел – МАКЕДОНИЈА.

Факт е дека до 1913 година имало само една МАКЕДОНИЈА од 77.741 квадратен километар, со доминантно население МАКЕДОНЦИ, и на дофат на остварување на целта СЛОБОДА за МАКЕДОНИЈА што со многу суровост, итрина и расипаност беше попречена од нашите традиционални непријатели.

На душманите СРАМ!
На КОСТУРЧАНИ СЛАВА!

2024 година, од 9 до 11 јули, Самит на НАТО по повод 75 години од формирање.
Ист театар, исти сценаристи, режисери, глумци – различна публика и за среќа овој пат голем број на пријатели на МАКЕДОНИЈА.

Пријатели и разбрани луѓе и политичари, кои ги освои ВМРО-ДПМНЕ на чело со премиерот ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ со својата конструктивност, апсолутно прогресивна политичка платформа збогатена со нови димензии во надворешната политика и заштита на националните интереси, што како функција што произлегува од константата ќе донесе значаен сигурносно безбедносен квалитет на југоисточното крило на нашиот заеднички безбедносен систем во кој и ние исправени ќе се чувствуваме сигурни.

И додека однесувањето на Премиерот и нашата делегација никому не сметаше, уште помалку налути, освен Грција, проработија кај нас во МАКЕДОНИЈА душегрижниците “реформираните комунисти-националисти“ кои што главна цел им е да не дозволат ништо убаво да не се случи на нашата држава и народ.

Викате, цвичете, се прпелкате, се пенавите, ама доигравте, немате гориво, снабдувачите ве препознаа и ви ги секнаа доставите.
За ваше знаење. Со ВМРО и сега со ВМРО-ДПМНЕ тешко се постигнува договор, особено кога се работи за македонските национални интереси.

Но, кога ќе се постигне договор, се почитува додека трае.
А не како нашиот сосед Грција кои пред педесетина години ги затворија и ги бркаа НАТО базите од нивните геостратешки територии и позиции и тоа за пари. Ете толку од нивната лојалност кон партнерите пријателите.
МАКЕДОНИЈА не ги заборава своите но и пријателите.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.