Д-р Драган Попоски
Да се зачува македонската меморија и македонската темелна размисла. Иднината треба да се гради врз историските и животните сознанија вградени во патриотизмот. Македонецот треба да биде активен чинител, а негде и бескомпромисен, во одбраната на своите природни и историски права, во својата градба и надградба.
Преку историските фалсификати на инородните народи на Балканот (Грците доселени во VIII век с.е. од североисточна Африка; Бугарите доселени во VI-VII век од Татарстан кај реката Волга; Албанците насилно преселени од кавкаска Албанија во време на Османлиското царство, особено во XVIII – XIX век), ним им се даваат, или тие присвојуваат, туѓи историски вредности и димензии.
Задкарпатската теорија за преселба на Словените на Балканскиот (Македонскиот) Полуостров во V – VI век, не е поткрепена со никакви материјални докази или преданија. Тоа е историска лага! Таа теорија ја форсира Германецот Јохан Густав Дројзен, советник на грчкиот крал во 1856 година, за да го воздигне хеленизмот на сметка на македонизмот. Таа Берлинска школа, на која припаѓал и Дројзен, во 2011 год. е укината како анахрона, како извор на историски фалсификати и срам за германската историска наука.
Првата Призренска лига, со цели за формирање на Голема Албанија, се совпаѓа со Берлинскиот конгрес во 1878 год., кој го раководи Ото Фон Бизмарк. Тој, од германски интерес, изразува наклоност кон албанската идеја и во 1912 год. формирана е држава Албанија на Балканот, после онаа античка Албанија на Кавказот и Каспиското море, со богата историја и култура, денес поделена помеѓу соседните држави.
Во април 1941 год., фашистичка Италија ја окупира западна Македонија. На 14 јули, истата година, со италијански декрет, овој дел од Македонија е анектиран кон Албанија. Во септември 1943 год. одржана е Втората призренска лига со истите цели – формирање Голема Албанија. Настанува ужасен период за Македонците во западна Македонија. Покрај албанизацијата, раселени се и преку 28.000 Македонци.
Со вековни стремежи, борби и жртви, во Втората светска војна, во НОБ, со македонски воени сили, во 1944 год. ослободен е вардарскиот дел на Македонија и формирана е Народна Република Македонија која пристапи во Федеративна Народна Република Југославија.
Со дисолуцијата на Југославија и референдумот од 8 септември 1991 год., Македонија стана самостојна суверена држава. Како таква, Македонија не им одговара на соседните држави со инородни народи на Балканот, кои во континуитет пројавуваат негаторски и окупаторски интереси. Само по 30 години самостојност, Македонија станува држава со многу изгубени вредности. Таа се руши и однадвор и одвнатре!
Добро е и потребно меѓусебно познавање на граѓаните во Република Македонија, но и мудро е да се негува и надградува соживотот, спротивно на етничките, верските и партиските нетолеранции кои не создаваат просперитет и благосостоба.
Во 2001 год., САД и НАТО застанаа во одбрана и подршка на терористичката воена албанска структура ОНА (УЧК) од Косово, со цели за окупација на македонски територии. Тие извршија воени злосторства врз одбранбените македонски сили и цивилното население. За таквите злодела тие не понесоа одговорност! САД, држави членки на НАТО и Судот во Хаг, тие злосторства ги релативизираа, иако тие не застаруваат. Наместо злосторниците да бидат во затвор, подржателите им овозможија, по “демократски“ пат, да формираат политичка партија ДУИ, на чело со водачот на ОНА –Али Ахмети, и да продолжат да ја остваруваат воената цел, сега со други средства и методи. Денес, таа партија владее со Македонија. Тоа што не го постигнаа на воено поле во 2001 год.-распарчување и освојување на делови од Македонија, сега тоа го остваруваат по “демократски“ пат со девизата:Колку полошо во државата, толку подобро се остварува нашата цел- да ја нема Македонија и Македонците!
Создаден е апардхејд на европска почва.
Потребен е демократски одговор на Македонците и Родољубите за одбрана и ресетирање на државата. Следејки го историскиот начин на создавање и рушење на држави, Македонија, Македонците и сите Родољуби, тоа треба да го превенираат, пред се со демократски средства на изборите – со 62!
Поранешниот германски амбасадор во Македонија, Ханс Лотер Ште-пан, ќе напише: “ …народ кој се бори за својата држава, мора да е подготвен да плати и одредена цена “. Лотар уште нагласува: “ На Брисел, во крајна линија, сеедно му е дали Македонија ќе опстани или не како држава“.
Со Охридскиот рамковен договор од август 2001 год., Македонија се губи како држава на Македонците. Тој уште посилно ги разделува етнитетите на македонските граѓани, спротивно на декларативните цели на Договорот.
Новата општинска распределба од 2004 год., подржана од САД и ЕУ, уште повеќе ги провоцира етничките поделби. Објаснувањата, дека новата општинска распределба ќе создаде функционални општини со побрз економски раст, социјален развој и подобар живот, не се остварија. Напротив. Сега, во општини со мнозинско албанско население, како “плен“ од војната на ОНА против Македонија, и владеењето на ДУИ , не смее да има градоначалник Македонец ! Во таквите општини се игнорира македонското државно знаме, а се вее знаме на друга држава – Албанија! Знамето покажува чива е територијата! Се игнорира македонскиот јазик, македонските закони, не се плаќаат даноци, се узурпира државното земјиште на “ легален“ начин. Се најавува и бара обединување на „албанските општини“ и федера-лизација на Македонија, а потоа, по “демократски“ пат да се формира трета албанска држава на Балканот, со следен чекор – создавање на Голема Албанија. Членови на ДУИ, на високи позиции во партијата и државата, изразуваат незадоволство што сеуште во „нивните албански“ општини има македонски енклави (населби, села)!
Со новата општинска распределба се растури природната општин- ска целина, силно се раскина македонското компактно ткиво и се про-мена етничкиот состав на општините.
Предлогот за асоцијација на “албанските општини“, не е антиамерикански, антиевропски, тој е антимакедонски!
По “демократски“ пат ДУИ две децении го кочеше пописот на насе-лението во Македонија! Разбирливо зошто. Постотокот на Албанците во Македонија не се совпаѓаше со искажаното во Рамковниот договор. По-писот во 2021 год., не е изведен по меѓународните правила и тој е необјективен- манипулации со резидентното и нерезидентното населе-ние. Само во периодот по земјотресот во Скопје, во 1963 год., многу- бројни Албанци од Косово и Србија се доселуваат во Скопје. Се промени етничката структура на градот. Во времето на Киро Глигоров (1991-1999) и Бранко Црвенковски ( 2004-2009), издадени се 150.000 пасоши на Албанци од Косово. Создадена е етничка структура за пописни, изборни и други манипулации.
Македонската држава и општествен систем, раководена од оваа власт, се руши на секое поле и води кон распад на државата. Тоа им одговара на целите на Албанија и Бугарија. ОНА на Али Ахмети, сега трансформирана во политичка партија ДУИ, во дослух со Грција и Бугарија, со домашните квислинзи и марионети Зоран Заев и Димитар Ковачевски, диригирани од големите Заштитници, ја остварува својата цел. Министри, вицепремиери, спикерот на Собранието на Македонија, градначалници и други функционери – Албанци, штитат други, а не македонски интереси. Тоа е особено видливо и нагласено од страна на спикерот на Собранието Талат Џафери, министерот за надворешни работи Бујар Османи, вицепремиерот Артан Груби, министерот за образование Јетон Шакири…
Со приказот на ТВ медиумите како во службените простории во Министерството за политички систем, министри-Албанци играат фудбал и кошарка, тие јасно искажуваат омаловажување на Македонија, дриблање на Македонците и другите Родољуби со порака: Ви покажуваме кои сме и што можеме, вие сте никои и за никаде!
Потребен е на изборите соодветен демократски одговор – со 62 !
Под оваа власт, без согласност на Македонците, сменето е името на државата, а со тое е извршен духовен геноцид врз Македонците. Името на државата Македонија е идентитетот на Македонците. Во променетиот Устав , Македонците се именувани само како граѓани на Република Македонија- тие се обезимени! Тоа го урива духот на Македонците и другите Родољуби во вербата во себе, во своите можности и стремежи за престиж, за соработка со другите народи и држави на секое поле: научно, економско, културно, спортско…
Со таквата промена на Уставот, државата Македонија остана без конститутивен народ, што создава правна подлога и можност за поделба и освојувања од страна на соседните држави. Се поништи АСНОМ, се поништи Референдумот од 8-ми септември 1991 год. !
Тоа не им пречи на САД, на ЕУ, тоа им пречи на Македонците кои ја губат унитарната држава. Потребен е ресет на државата – со 62!
Македонија ќе станеше членка на НАТО и без да го промени името. Во тоа време, во таа геостратегиска констелација, приоритет на САД и НАТО беше македонската територија. Нашата власт не покажа умешност, желба и тактика за да се зачува името. Предавствата, денес кај нас, станаа системска “ вредност“ !
Со демократска постапка и соодветен одговор на изборите, таа системска “вредност“ треба да се сруши – со 62!
Денес Македонија има ненародна, неспособна, антимакедонска власт . СДСМ во коалиција со ДУИ , ги поврзува антимакедонизмот, анти-патриотизмот, беззаконието, корупцијата и криминалот, со тенденција да се урниса и подели Македонија помеѓу Бугарија и Албанија. Нашето членство во НАТО не е гаранција за македонскиот опстанок. И Бугарија, и Албанија се членки на НАТО. НАТО не ќе има потреба да го активира чл. 5 од Нато договорот зошто македонската територија, тогаш на други земји, и понатака ќе остане воен полигон на НАТО.
НАТО, САД, ЕУ не губат ништо. Ние Македонците, и другите Родољуби, ја губиме македонската држава и татковина! Да ги спречиме – со 62!
Нашата вазалска поставеност кон стратегискиот партнер САД, кој ја подржуваше ОНА , сега ДУИ, и новата општинска распределба, кој изразува “немоќ“ на влијание врз ДУИ за стабилизација и сеопшт напредок на Македонија, како и влијание за зачленување на Македонија во ЕУ, само го покажува неговиот стратегиски интерес, а не и заштита на македонскиот интерес.
Историчарот Лазар Лазаров, во 1999 год. изнесува: Точно пред половина век, САД предлагаат Албанија да се подели на Грција, Србија, Македонија и Црна Гора. Тито го одбил овој предлог.
Стратегиските интереси се менуваат. Соживотот на граѓаните на Македонија е вистинската вредност која заеднички треба да ја негуваме и браниме и на изборите – со 62!
Македонија е во Европа и се стреми да стане членка на ЕУ уште од нејзиното осамостојување. Ако тоа не е можно, а времето тоа го покажува, треба да се бараат алтернативи. ЕУ е наш стремеж само со копенхашките критериуми и разумно време за асоцијација. Без алтенативноста е пропаѓање во времето и илузијата, слепа улица, тапкање во место, тонење – губење на државноста. Алтернатива е и Македонија, со европски вредности, да асоцира со други земји и меѓународни корпуси, каде ќе постојат меѓусебни уважувања и интереси.
Нашата прва и најважна алтернатива е Македонија, во неа да ги вградиме позитивните европски вредности преку демократската избор-на постапка – со 62!
Бадентеровиот принцип треба да замине во историјата. Ако таков принцип претставува општествена вредност и други држави ќе го применувале. Балансерот, исто. Професионалните и човековите вредности на граѓанинот треба да бидат приоритетни критериуми во секој изборен процес и активности.
Македонскиот јазик, како државен јазик, е битен фактор кој го обединува граѓанството во целата држава. Истото го практикува и Албанија со албанскиот јазик. Наметнувањето на албанскиот јазик во Македонија, и тој како државен јазик, претставува јазична окупација на македонскиот простор. Новиот Закон за јазиците наложуваше санкции од 5.000 евра ако не се знае , употребува и говори албанскиот јазик, но не наложуваше санкции ако не се знае, говори и употребува македонскиот јазик! Големиот Американец Ноам Чомски ќе запише: “… јазичните битки им предходат на воените битки“!
Со соодветен демократски одговор да се превенира војната!
На Македонија и е потребен општествен систем кој ќе создава вредности и благосостојба, сигурност за сите граѓани, а не поделби.
Македонци, Родољуби, без разлика на партиската припадност, или неопределеност, обединете се во демократската борба на изборите и дајте го соодветниот демократски одговор за ресет и опстој на Македонија, Македонците и Родољубите – со 62!
Потребен е историски пресврт. Гласајте за тие кои не ги распродаваат македонските национални вредности, кои не ја рушат државата одвнатре, кои ќе го повратат македонското, родољубивото, човеково достоинство и гордост. Малцинствата, рамноправни со Македонците, се наши почитувани животни сопатници, малцинско богатство со кое споделуваме заеднички судбини и вредности.
Да не бидеме слепи и наивни, да ја следиме македонската мемо-рија и македонскиот милениумски континуитет – со 62!
Во Европа, во светот, постојат и доста помали држави од Македонија, но се меѓународно уважувани поради идентитетското самодокажување и неговата одбрана, поради нивниот успешен општествен, културен и економски развој, поради љубовта што ја имаат кон татковината и спремноста за неа и да гинат.
Логиката на делови од меѓународниот фактор е:
Ако самите Македонци не си ја бранат државата, историјата, јазикот, културата, своите исконски идентитетски белези, ако не продуцираат развој, материјални и духовни вредности – таквите држави и народи немора ни да постојат!
Македонци, Родољуби, со соодветен демократски одговор да ја решаваме македонската и нашата судбина преку демократски избори со резултат кој ветува просперитет, ресет и опстој на македонската држава – со 62!
Во една прилика, во почетокот на развојот на политичкиот плурализам кај нас, пред триесетина години, во Охрид (18 јануари 2024) реков:
Македонија да е и колиба, а сега ќе биде самостојна држава, треба и со оружје да ја браниме!
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.