Ламбе Арнаудов
Да. Навистина, историјата не е туристичка прошетка или разгледница. Напротив, таа е сериозна општествено опфатна и комплексна наука, за жал честопати, особено од “големите“ или таканаречените победници, помогнати од вешти испревртувачи на вистината и осведочени фалсификатори на очигледните факти, лесно од константна и егзактна наука се претвора во варијабилна и магионичарска вештина во корист на НАРАЧАТЕЛОТ.
Во една апсолутна вистина сум убеден, а тоа е дека историчарите и хроничарите, особено експертите по национална историја, дека секој факт што оди во корист на народот на кој им припаѓа треба максимално да се афирмира, колку и тоа да е замаглено, некогаш недоволно јасно, но најважно, ако тие факти, настани и датуми до тогаш од никого не биле третирани и изучувани за успешно да бидат спречени да ја присвојат нашата историја.
Ако задоцниш на овој пат ќе ти се придружат допингувани тркачи историчари и ќе се обидат да те претрчаат.
Ова како една порака и опомена да не продолжат нашите историчари со оваа пракса толку поразителна за нас МАКЕДОНЦИТЕ и МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА.
Инаку, воопшто немам намера да расправам за историјата затоа што почитувам професија, знаење, авторитет, а јас не сум ни приближно на тоа ниво.
Но, нешто што е мое и на секој човек неуништливо право, дадено од ГОСПОД е да можам слободно и креативно да ја користам својата ЛОГИКА, која е производ на функционирањето на мозокот, кој патем речено е најголемиот дембел од сите човечки органи, и само еднаш или многу ретко, двапати во животот, испраќа импулс што ја разбудува и раздвижува логиката која пак ти овозможува да носиш исправни одлуки.
Во овие октомвриски денови светилки на мојот народ, прво 11 октомври, а потоа 23 октомври, денови исполнети со присетување но и заслужен пиетет, но и возобновен револуционерно национално ослободувачки дух за продолжување на заветот содржан и во двата документа, до конечно исполнување на светата цел и крунисување на исконските желби на секој МАКЕДОНЕЦ.
Од тука ЛОГИКАТА вели:
Зошто сите основачи на формирањето на ВМРО во Солун на 23 октомври 1893 година се родени во МАКЕДОНИЈА, во нејзините етничко географски граници од 77742 квадратни километри.
Зошто сите 8 конгреси на ВМРО на кои се носеле најважните одлуки за организирање, функционирање, дејствување на ОРГАНИЗАЦИЈАТА исто така се одржани на наша македонска територија, и се однесувале на прогласување на целосна автономија или подоцна суверена самостојна и независна држава МАКЕДОНИЈА.
Ако е општо познато дека конгресите на ВМРО се одржувале во исклучително тешки услови и непријателства, што честопати имало трајни негативни последици, имено тешки организациски проблеми, бројност, присутни обезбедување, доцнење или воопшто недоаѓање на истакнати делегати, зошто “пријателите“ на ВМРО еднаш не се понудиле мирно и несметано одржување макар на еден конгрес во главните, или поголеми погранични градови на нашето соседство, кралства, кнежевства и на тој начин да покажат минимум загриженост за лажно прокламираните нивни “браќа“ страдни души.
Понатака ЛОГИКАТА вели:
Сега особено, во најново време, кога ВМРО персонифицирано во ВМРО-ДПМНЕ предводено од ова раководство на чело со лидерот Христијан Мицкоски ги доживува своите ѕвездени моменти, логично е да се присетиме на трајните не’рѓосувачки и неуништливи вредности на ВМРО изворно кога сите се обидувавте да го ставите под своја контрола остана чедно неизвалкано и чисто наше МАКЕДОНСКО.
Понатаму, ЛОГИКАТА продолжува да објаснува:
Зошто од кога не успеавте да го присвоите идеолошки применивте крајно драматични, античовечки и шпекулативни чекори, и се обидовте целосно не само идеолошки туку и физички збришете НЕПОКОРОТ.
Срамно и бездушно. Без размислување се здруживте крвните традиционални непријатели, заведени од делбата на прекрасниот македонски колач, и да удрите брутално и безмилосно до искоренување на сега веќе непослушните “браќа“.
Уште еднаш бевте разнесени и збришани и до нога поразени од челичната снага на градбата неразрушлива на идеологијата и каузата непобедлива на ВМРО.
Има уште многу прашања на кои точно и вистинито може да одговори само ЛОГИКАТА но за тоа понатаму, а сега само уште за најголемата краста на вашите свежо нашминкани сурати која не може да се сокрие ниту да испари реата што се шири од лузните што ви ги нанесол онеправдениот напатен народ на кој бесрамно и бесправно му сте се натопориле небаре е некоја штетница што треба да се истреби.
Погледнете ја мапата на еруптивноста на Илинденското Востание, ЛОГИКАТА ќе ве освести таму каде што требаше и се очекуваше најголема масовност, со оглед на потеклото на подбуцнувачите, е минорна дури безначајна и незабележителна дури и крајно непријателски обиди за задушување на Востанието само заради тоа што било МАКЕДОНСКО.
Повторно и по којзнае кој пат беа жртвувани најдобрите синови на МАКЕДОНИЈА, повторно најубавите македонски цветови со раскошни бои и бисери бели беа облеани во винеста црвена боја крв македонска.
Затоа сме дене ова што сме. Затоа македонската земја е рекордер по приноси на хектар земјиште, не како другите по производство на пченка, ориз, јаболка, туку по најскапоцениот производ што Господ го создал, македонските патриоти кои се најсреќни кога најдрагоценото што го имаат не го чуваат за себе, туку тој, нивниот живот, секогаш се спремни да го жртвуваат на олтарот на МАКЕДОНИЈА и за МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
Немојте да не напаѓате, учете од нас, можеби ќе се просветлите. Ќе бидете подобри.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.