Ламбе Арнаудов
Деновиве, очајнички крик на тешко поразените, толку е тивок што воопшто не може да се чуе, од заглушувачката радост и среќа на народот кој го прославува ослободувањето, од тешките стеги на ненародната гарнитура на власт, што до таа мера го имаше окупирано духот на македонскиот граѓанин.
СЛОБОДА! – Чувство, кое заради своето место што го зазема во човечката душа, често и не може да се контролира. Тоа е изблик на помешани чувства од надеж, радост, гордост, убавини, среќа, солидарност, управување со сегашноста, верба во иднината, но исто така постојана будност да не се повтори старото.
Шепотот на поразените и понатака продолжува, да ги вознемирува, понижува, деградира и мрази своите сограѓани заради нивната исконска желба за СЛОБОДА во која креативноста како функција што произлегува од неа, го прави човечкиот дух илјада пати посилен, попродуктивен, но исто така со зајакнат имунитет да вооружи и успешно одбрани од сите ваши лаги и манипулации и да не дозволи враќање ретроградни декадентни состојби во кои ќе доминирате, вие предавниците со вашата основна привилегија и „вредност“ – глупоста.
ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата и граѓаните, ве победија, тешко ве поразија и токму тоа го направија што, малу фалеше, да биде загубено за навек и ја вратија во нашите недра
МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ТВОЈА
од сега понатаму и за век и веков да биде така.
Преторијанците кои го бранат народот, татковината и семејството, трите најважни битија на човештвото, уште еднаш и по којзнае кој пат и каде не, на земјинава топка, докажаа дека се непобедливи, но и дека се на вистинската страна.
Колективната меморија, дух и ум на народот е секогаш надмоќна врз вашата злоба, завист, евтини игротеки и кич театри што им ги приредувавте на народот.
Запрете! Ова се луѓе од Господ создадени, ТОЈ им подарил живот за да се радуваат и го организираат според сопствените убедувања и потреби, секако не на штета на останатите или подјадување на заедничкото општество во кое има место за сите и еднакви стартни позиции за секого.
Заборавате дека не сте над останатите, туку сте со сите еднакви и рамноправни.
Дајте шанса на праведниците.
Култната реплика од еден филм со моќно сценарио и врвни уметнички ликови сé кажува за вас:
Пеесет милиони години според (вашата комунистичка доктрина) биле потребни за мајмунот да стане човек, вам комунистите ви беа доволни пеесет години од човекот пак да направете мајмун.“
Ако ви е убаво да бидете во такво окружување и ако таму чувствувате дека припаѓате и уживате, немам ништо против.
Но не, немој да правите „мајмуни“ од македонските граѓани, тие се украс, бисер, цвет, совршена интеграција на најубавите човечки духовни и телесни вредности, но исто така и чест, совест и вечна борба на македонскиот народ.
Откажете се од однапред изгубената битка. Најтешко се губи тогаш. А, војната никогаш нема да ја добиете.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.