Слободан Томиќ
Не, нема правда, нема божји мир, денеска скокна Ламбе, утре ќе скокне народот! Вие ќе бидете виновни, вели градоначалникот Максим Димитриевски во обраќањето до неговиот сограѓанин министер за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод опожарувањето на таканаречениот бугарски клуб за пријателство во Битола “Ванчо Михајлов“.
Пресни се сеќавањата на еден брифинг со поранешен пратеник и висок функционер на СДСМ и поддржувач на крилото на Бранко Црвенковски кој изјави: Што се треска Заев за Преспанскиот договор? Тоа е трагедија за Македонија и Македонците!
Да сакавме и ние ќе го сторевме истото! Мислам на Бранко Црвенковски, додаде тој! Не можам а да заборавам и на уште еден брифинг исто така на висок функционер на СДСМ и политичар кој ми изјави дека еден од најголемите “з…..и“ играчи е Заев! Што тука не е јасно?
Димитриевски кажа дека осудува секаков вид на насилство и непочитување на законите, но смета дека тоа е резултат на несредена и неправедна држава.
Се отвора здружение на граѓани под име “Ванчо Михајлов“, квислинг, потврден фашистички соработник и човек кој отворено работел целиот свој живот против македонската самобитност и државност и тоа без никаква дозвола за отварање од надлежни институции, а притоа МВР молчи и мудро калкулира.
Следува реакција на јавноста која што е бурна, додека поединци од власта по молкот и привременото слепило од немај каде се јавуваат со наводни реакции, претходно добро избалансирани да не им биде замерено од официјална Софија.
Подоцна, откако Ламбе го сторил тоа што на секој Македонец му е во мислите како резултат на фрустрацијата во сопствената држава да ти ги величаат терористите и фашистите, помпезно и експедитивно се наоѓа сторителот на опожарувањето и тријумфалистички се елаборира професионалноста на службите.
И нормално, херојот на народот во Македонија е Ламбе Алабаковски!
Да, ќе го наречам херој, бидејќи таквите се раѓаат, а не се порачуваат или купуваат. Истото го велев и за лидерите: И тие се раѓаат, не се нарачуваат и не се купуваат. За пари се купуваат отпадници и одродници, тие кои немаат чувство за национална припадност на народот кој си ја сака татковината.
Не ме остави рамнодушен и реакцијата на градоначалникот на Куманово Димитриевски по повод настанот во Битола.
Според Димитриевски за осуда е секаков вид насилство, безредие и непочитување на законите. Непочитувањето на законите е резултат на несредена, неорганизирана и неправедна држава.
Но, дека секој Македонец, по род и државјанство, кој си ја сака Македонија како своја татковина, интимно ги чувствува сите неправди кои се случуваат врз нејзината несреќа.
Народот го оправда палењето на таканаречениот клуб “Ванчо Михајлов“ во Битола, отпочеток се знаеше каква ќе биде неговата судбина. Фашист кој бил крвопец на Македонците и никогаш не ја сакаше Македонија, туку Сан Стефанска Бугарија.
И Драги Ѓорѓиев, претседателот на меѓувладината македонско-бугарска комисија за ревизија на македонската историја, јасно порача, дека разговорите на историчарите не смее да бидат дел од разговорите на Македонија за членство во Европската Унија, дека политиката не треба да ја манипулира историјата!
За волја на вистината, Бугарија не ги исполни критериумите за членство во ЕУ за криминалот, корупцијата, владеењето на право, почитувањето на човековите права… Па, не се заборава, блиско минато е, одлуката на бугарската влада за насилна промена на имињата на сите Турци во бугарски…
Има ли таков народ на планетата земја како бугарскиот кој е ем шуто ем рогато и кој навистина со своите нехумани, нечовечки,
Кој свесно се турка во рускиот скут, ако не пилотот Радев и неговата свита? Ќе го спомнам и Едвард Џозев, американскиот експерт за Балканот, со кого имав десетина жестоки интервјуа околу грчко-македонскиот спор и притисоците за менување на името. Тој овој пат рече: “Бугарската блокада е мошне позитивна политика за Русија. САД треба да реагираат на Балканот, таму каде ЕУ не може да постигне поместување на позициите.“
Едвард Џозеф е ученик на Школата за напредни и меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон.
За стратешкиот дијалог меѓу САД и Македонија, прв од таков вид, и влијанието врз регионот, Едвард Џозеф вели: “Тајмингот за одржување на Стратешкиот дијалог во Вашингтон не можеше да биде подобар за Македонија, затоа што подоцна, месецов, ЕУ ќе одржи Самит на кој треба да седонесе одлука за евентуален излез од овој анти-демократски и проруски маневар на Бугарија со блокирањето на почетокот на преговорите за Скопје и за Тирана!“
Според Едвард Џозеф, аналитичар со фокус на Балканот, Македонија се’ уште ги чувствува негативните последици од Бугарија со ветото, а ситуацијата е уште повеќе влошена по инвазијата на Русија во Украина. Тој изјави дека Македонија и Албанија го имаат исполнето тоа што од нив се бараше за почеток на преговори со ЕУ и затоа блокирањето на интегративниот процес претставува проблем за самата ЕУ, но и за САД.
Бугарската блокада е мошне позитивна за Русија. Важно е да се нагласи интересот на Русија да го спречи Балканот да се придвижи кон стабилност, кон ЕУ и НАТО.
Според него, актуелната политика на Бугарија кон проширувањето на ЕУ, само оди во прилог на интересите на Русија во регионот.
Наспроти Ламбе Алабаковски и фашистичкиот клуб во Битола, ОМО ИЛИНДЕН во Благоевград во 2007 и 2008 година на двапати бил напаѓан – скршени стакла, исцртани свастики и друго. Полицијата одби да започне истрага зашто штетата не била доволно голема, медиумите не соопштија за настанот, властите не го осудија вандализмот и се разбира никој не беше казнет, реагираа Македонците од соседна Бугарија.
Дали заслужува ЕУ да поддржува и да има во членство држави како Бугарија? Дали Бугарија има наведено во делот на проблеми и несогласувања со соседите, дамнешната 2006 кога експресно и незаслужено стана членка на ЕУ и НАТО. Дали бугарскиот наци-фашизам беше нотиран во незиното портфолио? Дали ЕУ, пред се, треба да го има тоа во предвид? Дали и пораката на Макрон треба да биде конкретна и директна и кон и за Македонија и Македонците и чесно е да ги тргне бариерите октроирани за македонското членство во ЕУ, бидејќи истиот Макрон “ја утнал“ работата за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ со неговата методологија за членство и проширување во ЕУ.
Дали Европа, воопшто сака Балкан целосно вклучен во Европската Унија и по дефиниција, со сите нишани! Западен Балкан, или бурето барут кој некој секогаш со сласт и страст го претствуваат во такво руво, а без него Европа е стара и осамена! Шесторката која го сочинува овој важен регион во светот, Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Република Српска и Косово, заслужува мир и просперитет и членствово Европската Унија! Или ЕУ и натаму го посакува Балканот како мегдан за крв, омраза и одмазда, наместо како поле за културен натпревар меѓу народите?
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.