Ламбе Арнаудов 

Во својот живот за жал, сум се нагледал многу неправди, сум слушал или сум бил сведок на такви грозни настани нанесени на поединци, или колективно.

Но никогаш не ме вознемирила толку и разжалостила неправдата што колективно ВЕ стигна ВАС мои браќа од оној што го браневте и секогаш бевте и сте и понатака спремни тоа да го правите, притоа не жалејќи ги дури и своите животи, од државата.

Државата денешна во која живееме, поточно преживуваме, која не ни ВАША, ни моја ниту пак на народот туку е во рацете на ПОЛИТИЧАРИ ХЕДОНИСТИ кои уживаат, боемуваат, исполнети со задоволство за сметка на ТАГАТА што им ја нанесуваат на својот народ, неистомислениците, чесните луѓе, осведочени домаќини, мирни и почитувани граѓани и најмногу врз честитите патриоти родољуби, исткаена, цврста, некорозивна градба какви што сте ВИЕ БРАЌА УСТАВОБРАНИТЕЛИ.

Вчера, во Прилеп и во Штип бев заедно на протест со многумина искрени почитувачи на вашето дело, обични и едноставни луѓе но со огромен набој во себе за чест, морал, етика, правда и правдољубивост згрозени од она што ОДМЕТНАТАТА ДРЖАВА ви го прави ВАМ и на вашите унесреќени семејства, почитувани до небеса од секој чесен граѓанин.
Но, што е доброто? Ако е за утеха.

Распоредот на снагите спротивставени во оваа апсурдна меѓусебна братска пресметка е тоа што ВИЕ и сите ние кои ВЕ подржуваме, храбриме, сочувствуваме со ВАС и вашите сострадалници СМЕ на вистинската страна.

СТЕ и СМЕ на страната на ТАТКОВИНАТА против државата која по своето уставно уредувањее поставена да ги чува, негува и брани придобивките за ТАТКОВИНАТА како што се слободата демократијата, правдата, праведноста, еднаквоста, мирот и грижа за стандардот на граѓаните, ништо од тоа не почитува ниту во пракса спроведува.

Вие браќа УСТАВОБРАНИТЕЛИ треба да се гордеете, зошто на целиот правдољубив и честит народ ни ги отворивте очите, та од сите нас граѓаните направивте УСТАВОБРАНИТЕЛИ кои во немилосрдната политичка борба помеѓу одметнатата држава и ТАТКОВИНАТА, ТАТКОВИНАТА со НАРОДОТ ќе победи и ќе си ја врати државата на оној што единствено и припаѓа, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и сите рамноправни граѓани во МАКЕДОНИЈА.

Заедно сите страдаме од споулавената, разграбувачка и расипничка власт, заедно ќе победиме. На скорешната победа сите ќе се радуваме но најмногу ВИЕ браќа УСТАВОБРАНИТЕЛИ и вашите семејства зошто тогаш ќе бидете заедно и ќе се радувате на светлоста на СЛОБОДАТА за која се боревте и апсолутно ја заслужувате, и тоа многу повеќе од другите затоа што СЛОБОДАТА прво сте ја освоиле за други несебично со задоволство а потоа за СЕБЕ и за СВОИТЕ.

Од сите подобро знам како ВИ е и колку ви е тешко во занданите.
Но ВИЕ драги мои браќа УСТАВОБРАНИТЕЛИ за сиот прогресивен и демократски свет сте на СЛОБОДА.
ДЕЛОТО Ваше е на слобода и е на дофат на секого.
ЧЕСНОСТА Ваша е на слобода и е непресушен извор за бистрина на душите.
ЧЕСТА Ваша е на слобода, се шета низ улиците на македонските градови и се внедрува во секој човек.
ДУХОТ Ваш е на слобода и не воздигнува сите нас да се радуваме затоа што ни овозможува да се доближиме до ВАС, па макар и никогаш да не ВЕ стигнеме, сепак, е доволно.
ПАТРИОТИЗМОТ Ваш е на слобода. Најважно и најпотребно за ТАТКОВИНАТА. Еликсир на вечноста наша, нашиот народ, нашата напатена мајка МАКЕДОНИЈА никогаш на колена неклекната, несвиткана, гордо исправена и вечна.

Ова се вашите вечни придружници кои се на слобода и служат за ука и поука.

И, секако Хероите како вас за среќа сé уште живи ( да Ви даде Господ долг и среќен живот ВАМ и на ВАШИТЕ семејства ).

Благородниот и животоодржувачки дух кој сте го посеале меѓу својот народ, не може да се одвои од телата Ваши изрезбани од видливи лузни нанесени од душмани, заедно ќе бидете на СЛОБОДА.

Слободата ви припаѓа. Слободата ви прилега, Слободата е ваша најсвета руба, Слободата е негнилежен венец на вашите глави.

СЛОБОДАТА, истовремено боледува и тагува заради вашата судбина и страдања но и се радува со вас зошто сте ВИЕ нејзиниот УКРАС и ЦВЕТ со кој се гордее.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.