Ламбе Арнаудов

Секој од нас ја познава етимологијата, односно потеклото и значењето на зборот ПРКОС, но малу кој, меѓу кои и јас сум знаел дека постои едно прекрасно цвеќе што се вика ПРКОС.

Се согласувате сигурно дека ова цвеќе има помалку необично име, со оглед на убавините, боите раскошни, опоен мирис и милозлив, нежен изглед, да се именува со толку необично име за благородно општо прифатливо и обожувано цвеќе.

Но. Мудар бил нашиот народ. Знаел зошто така го именувал. Во целост тоа име му прилега, и ако ги погледнете сите негови карактеристики и биолошка градба ќе се уверите дека, КУМОТ, НАРОДОТ правилно и вистински заслужено го крстил.
Народе мој МАКЕДОНСКИ, КУМЕ!

Ти благодарам и истовремено се восхитувам, длабоко за суштински јасно изразена и општонародно прифатлива порака за изедначување на вредностите на милото цвеќе ПРКОС, со тебе драг читателу, со мене, со сите НАШИ.
Прво: Цвеќето ПРКОС е САМОНИК, тукашно илјадалетно како и МАКЕДОНЕЦОТ.
Второ: ПРКОСОТ е жилаво, издржливо и неуништливо како и МАКЕДОНЕЦОТ,
Трето: Зазема гард, се брани и опстојува на суша, мразеви и физички оштетувања, исто како МАКЕДОНЕЦОТ.
Четврто: Се бори, се самозаштитува, никогаш не се повлекува, но гордо и пркосно ги најавува зората и изгрејсонцето, распостилајќи ги своите божествени цветови, кон сонцето, дарот Господов, благодарејќи на светите дарови, светлината и топлината. Исто така и МАКЕДОНИЈА.
Петто: Ништо не бара, само се изборува, на никого не се ослонува, а се што поседува го споделува и дарува како МАКЕДОНЕЦОТ.

И, сега, на што сите ние, МАКЕДОНЦИТЕ, напатени души, но нескршливи, честопати незаслужено, од посилни и помногубројни треснати од земја, веднаш стануваме, се исправаме повисоки, погорди, посилни и ПРКОСНИ.

Остануваме чедни, недопрени, храбри, спремни да се справиме со сите опасни предизвици пред кои сме исправени, а не се малу.
Затоа борбата трае, сонот останува, Илинденските мечти не стивнуваат.

Живееме во амбиент, окружување сé околу нас гордо, природно, божјо управувано, со чест и чесно, без завист, но со бескрајна спремност за простување, солидарност и емпатија, сето тоа заокружено со длабока вера во себе дека она што го правиме и за што живееме, го заслужуваме и сме убедени дека ќе го добиеме.

МАКЕДОНЕЦОТ како и цвеќето ПРКОС, ја обележува својата територија, ја храни почвата на која битисува, ја облагородува околината прескокнувајќи ги и не прифаќајќи ги вештачки повлечените гранични линии што ги исцртуваат неписмени, дволични и алчни приглупи дебелогазовци.

Мудро со трпеливост но упорно без враќање назад, чекориме по она што е наше, што е тежок но остварлив сон, водени од Илинденските мечти и пораки кои се внедрени длабоко во сите нас.

Крушевската Република не траеше само 10 дена, заблуда е тоа, КОСТУРАНИТЕ не ослободија само неколку градови и го продолжија успешно Востанието уште неколку месеци, не, востаничкиот дух ни го вдахновија во срцата и душите на сите поколенија МАКЕДОНЦИ и да трае додека постои век свет и живот.

ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ не е задушено, тоа трае, како и борбата што трае, која е прекрасна и лојална ќерка. Борбата е ќерка која ќе го обели образот на вечната идеја, ќе ги сочува идеалите, вредностите и пораките на нејзините родители, таткото ВМРО, сега персонификација во ВМРО-ДПМНЕ и грижната родителка мајка МАКЕДОНИЈА што се во среќен и хармоничен брак повеќе од 130 години на радост и среќа на своите деца воспитани да ги почитуваат славата, честа, верата, родољубието, патриотизмот и најголемата и најблагородна одлика што ни ја всадиле, човекољубието.

Со почит и поклонение до земја, ВИ благодарам мои мили бесмртни родители, ВМРО, ВМРО-ДПМНЕ И МАКЕДОНИЈО.
ВИ благодарам и вам лидеру Христијан Мицкоски, на ВАШИТЕ соработници, сите структури на Партијата, активисти, членови, симпатизери и граѓани, кои со силно светло дојдовте и ни подаривте светлина кога беше црна темница и не знаевме каде одиме.
Простете на емотивниот набој во оваа колумна ама:

Не се заборава, ТОЈ кој со ФЕНЕР светол ќе дојде кога е темно.
Затоа:
ИЛИНДЕН Е СВЕТЛИНА НА СВЕТЛИНИТЕ!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.