Ламбе Арнаудов

По повод роденденот на големиот народен трибун Д-р. ХРИСТО ТАТАРЧЕВ, а и во чест на останатите ПЕТМИНА АПОСТОЛИ на револуционерното организирано движење за слободна, самостојна и независна држава МАКЕДОНИЈА.

Луѓето се разликуваат по многу особини и посебности, но најважната разлика е онаа со која луѓето се делат на:

Има луѓе кои се малу на број и знаат однапред што ќе се случи и останатите, кои што ќе разберат од кога нештата ќе се случат“

Затоа МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВИ е бескрајно благодарен што пред 130 години ВИЕ шестмина патриоти и несебични родољуби, сте го препознале генетскиот код на својот народ цврсто верувајќи дека ваков народ искован од цврст не’рѓосувачки материјал поврзан и исткаени на репродукцискиот МАКЕДОНСКИ РАЗБОЈ, убедени дека и во иднина ќе се раѓаат синови како НИВ и подобри, кои ќе им ја исполнат вечната, никогаш незгасната, длабоко внедрена во срцата и душите, желбата за слобода и сопствена држава.

Малубројни, за нив недостојни во тоа време, ги исмејувале, други ги нарекувале сонувачи, трети пак романтичари потпирајќи ја „вистинитоста“ на нивните кукавички тези, оти тоа што ТИЕ, АПОСТОЛИТЕ МАКЕДОНСКИ, го зацртале и подоцна го напишале во Уставот на Организацијата е невозможна мисија против силната турска империја и гладните апетити на соседите околу нас.
Но, очигледно се измамиле, не ја препознале вредноста на својот народ од кого произлегле но за жал и не му припаѓале како што тоа длабоко во срцата чувствувале и биле убедени ВТЕМЕЛУВАЧИТЕ.

Умни, разумни наоружани со длабок патриотизам и верба во вистинитоста на големината и значењето на доброто што го прават дека народот ќе го препознае и со радост прифати.

Знаеле дека, романтизмот со кој започнува секоја идеја мора да се помине како етапа, на која тука ќе се застане и е последна од патот непрооден кој не може да се расчисти. Но таквите и не се потребни за да се спречат нивните сопки, пречки и заседи и веднаш од нив се откажале дури и не помислиле на нивната деструктивност, убедени дека многу брзо ќе бидат поразени и токму тие ќе бидат на кои МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ќе му се смее и отфрли како одроди и нетукашни.

Сигурни во себе, многу скоро, романтизмот ја достигнал својата следна фаза и прераснал во нешто многу цврсто, неуништливо и вечно, во идеологија.

Идеологија која сé уште трае и е присутна во нашите души со оглед на тоа што и покрај тоа што имаме своја држава, за жал „благодарение“ на неранимајковци, блудни синови и непрокопсани на мајка МАКЕДОНИЈА сé уште не е заокружена нашата целосна државност, која за среќа наскоро ќе се оствари сонот што сите го сонуваме и тоа благодарејќи токму на вашите верни сопартијци по ген, ДНК и идеологија наследници во ВМРО-ДПМНЕ предводена од лидерот Христијан Мицкоски и неговиот дрим-тим, каков што до сега Македонија немала.

И, додека сé уште траат мрежите, сплетките, заговорите, внатрешните предавства и отворените непријателски брутални директни закани по нашиот народ и татковина, тука е најмоќната, најлојалната, најсилната и засекогаш сигурна мајка заштитничка, КАУЗАТА.

Таа, каузата која е составен дел од нашиот организам, кој живее, размислува, се радува, тагува, болот го претвора во моќ, очајот во излез, омразата во љубов, слабоста во херојство, колебливоста во верба, неизвесноста во сигурна победа.

Каузата благодарение на ВАС стана комплетно обележје на македонскиот народ, збир на сите позитивни особини и вредности кои македонскиот човек е спремен несебично да ги подари и со задоволство на својот народ, а за возврат ништо да не побара.

Сигурно има што да побара, да, човекот Македонец сé за македонскиот народ. Македонецот за Македонија.

Сосема скромно и разбирливо за луѓето, но тешко достапно за крастосани и дегенеративни умови кои секогаш посегнуваат по туѓото, а своето го подаваат на други да им го чуваат. И како и да се завртиш тие немаат ништо, а ние со нашата кауза имаме сé.

Имаме кауза изградена, длабоки цврсти темели, силни столбови носачи, попречни греди костенови негнилежни и непотрошувачки материјал, сé заедно ЉУБОВ КОН МАКЕДОНИЈА.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.