Младоженецот на правата браќна ноќ се пожалил зошто неговата нова сопруга не крвари и оти бил измамен кога му кажале дека девојката што ја зел е невина. Тогаш нејзината сестра, која исто така е невина, ме замоли да ја оперирам за да искрвари повеќе кога ќе се омажи, изјави за црногорски ЦИН лекар од Белград, кој тврди дека направил над 1.000 хименопластики.
Императивот на невиност до брак преживеа како дел од патријархалната традиција во внатрешноста на Црна Гора и Србија.
Жените од Црна Гора често одат во Србија и Албанија на хименопластика.Девојките од внатрешноста на Србија одат во приватни клиники на периферијата на Белград каде се сигурни дека никој што го познаваат нема да ги види.
Реконструкцијата на невиноста во Белград чини од 600 до 800 евра, а во Подгорица до 950, во зависност од тоа дали е вклучена општа анестезија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.