Може да уживате во сексот и покрај температурите од над 40 Целзиусови степени деновиве. Потребен е само миниманиот контакт кој го нудат овие секс пози.
Перек
Перек позата можете да ја пробате на ладни плочки, бидејќи на тој начин ќе се потите минимално. Како функционира? Жената лежи на страна и ја крева едната нога нагоре, а мажот ја „јавнува“ ногата што ѝ е на подот и пенетрира. Најдоброто во оваа поза е што можете да доживеете длабока пенетрација со минимално движење.
Доги
Ставете вентилатор да дува кон вас за време на сексот, бидејќи на тој начин ќе се потите помалку. Мажите прилично брзо доживуваат кулминација во оваа поза, па е добра опција за „секс на брзинка“. Како функционира? Жената нека се спушти на сите четири, а мажот нека пенетрира одзади, на колена.
Овација
Оваа поза е идеална за во туш кабина, каде можете да уживате во страстите под освежувачки млаз вода.
Како функционира? Позата Овација се изведува стоечки, при што жената треба едната нога да ја крене и отвори, а мажот да пенетрира одзади или однапред. Ако имате поголема туш кабина, може и жената да се наведне надолу за пенетрација одзади. Ако е физички изводливо, мажот може да ја крене жената в раце, а таа со нозете да го прегрне околу половината. Ви советуваме гелот за туширање да го оставите за на крај, да не ви лизга подлогата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.