Пред 7 години кога раскинав со дечко ми, тој ме праша зошто. Му ја кажав вистината, бидејќи запознав друг дечко, кој веднаш ми се допадна и го изневерив со него. Тој само направи тажно лице и праша дали може да го запознае.

Искрено се плашев што може да направи бидејќи беше каратист, но се согласив.

Мојот поранешен сакаше да нè изведе на вечера. Нè чекаше во елитен ресторан, убаво облечен и уреден. Го запозна моето ново момче и за време на вечерата бил изненадувачки културен. Се шегувавме, се смеевме…

Кога заврши, само кратко му рече: „Чувај ми ја, ми значи. Ти честитам“. Се ракуваа, мене бакна во чело и ми стави нешто во рака. Плати и си замина.

Дечко ми ме остави после 15 дена.

Тогаш го извадив пакетчето што ми го даде поранешниот и конечно го отворив. Беше прстен и писмо на кое пишуваше: „Ова сакав да ти го дадам ноќта кога раскинавме, те сакам!“.

Денеска во нашиот роден град и го сретнав по долго време. Подоцна дознав дека никој не го видел со друга девојка. Сега гледам кој навистина ме сакаше

Еспресо



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.