Дали знаевте дека постои машки климакс? Процесот е познат како андропауза или машка менопауза. Станува збор за промената во рамнотежата на хормоните и стареење на полните жлезди.
Урологот д-р Александар Милошевиќ и гинекологот д-р Вања Милошевиќ во емисијата „150 минути“ на ТВ „Прва“ открија како и колку андропаузата се разликува од женската и како влијае на однесувањето на мажите. Тие споделија совети кои можат да им помогнат на мажите да го одржат своето либидо и до 75-годишна возраст.
Мислам дека машкиот климакс е поопасен од женскиот. Мажите веќе од 40-тата година почнуваат да ги менуваат хормоните, да ги губат. Отпрвин е бавно, но по 50-тата станува сè побрзо и побрзо, рече урологот Александар Милошевиќ.
Тој објасни како изгледаат првите промени:
Мажите доживуваат различни промени. Тестостеронот во лабораториски анализи се менува, се намалува. Тоа е показател. Со фина дијагностика и замена на тестостерон, но не претерано, можете да одржите добар метаболизам кај мажот. Го штити неговиот мозок, крвните садови и либидото на високо ниво. Со тоа практично му ја продолжувате младоста на мажот. Обично им велам дека ќе се чувствуваат 10 години помлади, открива урологот.
Но, рој предупреди и на негативните ефекти од злоупотребата на тестостеронот.
Злоупотребата на тестостерон може многу да му наштети на мажот, особено на помладите луѓе кои го земаат поради нивниот изглед, за мускули. Овој тестостерон ја намалува функцијата на тестисите и буквално влегува во фаза на стерилитет. Злоупотребата за допинг е одамна позната. Први го користеа спортистите, бидејќи навистина дава поголема сила, му дава поголема маса на мускулите, но го намалува лачењето на хипофизата на мозокот, тој LH хормон кој ги стимулира тестисите, објаснува урологот.
Гинекологот д-р Вања Милошевиќ објаснува дека основната разлика меѓу машкиот и женскиот климакс е тоа што кај мажите тоа се случува постепено, а потоа се забрзува, а кај жените се случува брзо, па се забавува.
Основата на двете состојби е пад на хормоните. Тоа е биолошки процес што никој не може да го избегне, ниту жената, ниту мажот. Ако ја исклучиме генетската предиспозиција, треба да зборуваме за тоа како начинот на живот може значително да влијае на остатокот од животот. Последната третина од животот треба да помине со што помалку компликации, вели д-р Вања Милошевиќ.
Надврзувајќи се на ова, урологот Милошевиќ нуди и совет за мажите:
Мажот многу добро го чувствува слабеењето на своето тело, а мозокот му останува чист. Ова често му делува погубно и го турка во депресија. Со тестостеронот му се враќа волјата, добива мотивација. Со него можете да бидете активни до 75 години, а тоа важи и за вашето либидо. И жените имаат тестостерон, но многу помалку и тој се губи. Жените имаат нешто пониско либидо од мажите, но тестостеронот се повеќе влегува во терапијата .Морам да предупредам дека е важно да не се злоупотребува. Користете го ова само како што ви препорачал вашиот лекар, рече д-р Александар Милошевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.