Три чуварки во најголемиот британски затвор беа затворени поради афера со затвореници, а над 500 вработени во затворот во Рексам, каде се случи инцидентот, сега минуваат низ антикорупциска обука за да не се повтори.
Поранешните чуварки во затворот Рексам во Северен Велс, Џенифер Гаван (27), Ајшеа Ган (27) и Емили Вотсон (26), добија затворски казни поради врски со затвореници, пишува Daily Mail.
Гаван беше притворена на осум месеци во декември, откако од зад решетки шверцуваше мобилен телефон за затвореникот Алекс Коксон (25). Таа ги испрати своите фотографии и стапи во врска со него во 2020 година, а на суд се изјасни за виновна за недолично однесување.
Таа влезе во неговата ќелија на Божик
– Го изразувам моето изненадување што вработените во HMP Berwyn пишуваат во знак на нејзина поддршка и ги критикуваат другите вработени во Berwyn. Ова е нешто што мислам дека треба да им се стави на внимание на затворските власти – изјави судијата Никлас Пари.
Џенифер Гаван (27) призна дека меѓу април и јуни 2020 година имала врска со затвореникот Алекс Коксон. Таа добила и 150 фунти за да прошверцува мобилен телефон во неговата ќелија и преку него комуницирале. | Фото: полиција во Велс
Една година претходно, чуварката Ган се заљубила во затвореникот Курам Разаком (29).
Претресот во нејзината спална соба откри видео снимки од парот како се бакнуваат и гушкаат, како и слики направени на мобилен телефон во ќелијата на Разаком.
Во 2019 година, Ајшеа Ган (27) имала врска со затвореникот Курам Разак, кој отслужувал 12-годишна затворска казна за грабеж. | Фото: полиција во Велс
Колешката чуварка Емили Вотсон беше осудена на една година затвор од истиот суд затоа што влегла во ќелијата на затвореник и го задоволувала на Божик.
Емили Вотсон – на сликата подолу лево, била во врска со затвореникот Џон Мекги, осуден на осум години затвор за убиство на некого во сообраќај. Емили влезе во ќелијата на Мекги на Божик 2019 година и го задоволи. | Фото: полиција во Велс.
– Огромното мнозинство од персоналот на затворската служба се вредни и посветени и нема да се двоумиме да ги казниме оние што ги прекршуваат правилата – рече портпаролот на затворот.
– Над 500 членови на персоналот добија обука за антикорупција во последните 18 месеци, а нашата зголемена безбедност го штити затворот од обиди за шверц на нелегални предмети внатре – додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.