Вистината е дека сите сме изложени на овие опасности, па затоа би требало да ги држите очите ширум отворени. Покрај преку сексуални односи, може да се заразите со полово преносливи болести и на следниве четири начини…

Балсами за усни

Балсамите за усни, кармините, но и цигарите се нешто што треба да го користите само вие. Никако не ги позајмувате од или на други луѓе.

Влажни пешкири

Сексуално преносливите болести се всушност бактерии и вируси кои лесно се размножуваат на влажни предмети, а пешкирот е еден од нив. Исто како со балсамите, секогаш носете си свој пешкир со себе кој нема да го делите со никого. Постои голема опасност да се заразите од трихомонијаза, која е сè освен пријатна вагинална болест.

Солариум

Освен што нарушуваат здравјето на кожата, овие место се идеални за пренесување полово преносливи болести. Ако мислевте дека УВ-зрачењето во солариумот ќе ги уништи сите бактерии, сте се излажале. ХПВ-вирусот сигурно ќе преживее, а се пренесува од контакт на кожа со кожа или преку заразен предмет.

Долната облека во солариум нема да ве заштити премногу, бидејќи вирусот хуман папилома може да живее и на прстите и на другите делови од телото. Ако баш никако не можете да не одите во солариум, одбирајте ги исклучиво они салони што се проверени, чисти и кои се грижат за хигиената и мерките на претпазливост.

Жилети

Колку и да се брзате, а пред нос ви е жилетот на вашата сестра или цимерка, не посегнувајте по него! Во текот на бричењето, на кожата се создаваат ситни оштетувања и рани кои претставуваат отворена врата за вирусите!

Преку крвта што се задржала на површината на жилетот, кој штотуку сте го позајмиле од друга личност, лесно може да внесете сексуално пренослива болест во вашиот крвоток, како што е хепатитис Б.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.