Онколошки конзилиум, составен од лекари специјалисти онколози ќе продолжи да функционира и конзилијарно ќе одлучуваме за терапијата. Сметам дека за сите пациентки кај кои ќе биде индицирано ќе ја добиваат соодветната и потребната терапија, изјави денеска проф. д-р Игор Стојковски, новоназначениот директор на Универзитетската клиника за онкологија.

Денеска во посета на Клиниката беше министерот за здравство Арбен Таравари. Д-р Стојковски одговари на новинарско прашање дали во иднина ќе продолжи да функционира советот од 12 лекари кој ќе одлучуваат за терапиите и дали во иднина ќе има дополнителна контрола за терапијата, со цел да не се крати на биолошката терапија која дава најдобри резултати и сите да добијат терапија каква заслужуваат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.