На овие избори и на 24 април и на осми мај бројот еден е единствената гаранција дека државата ќе продолжи по патот на интеграција во ЕУ, порача од Бутел претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

А шо нуди главната противкандидатка и нејзината партија? Во однос на преспанскиот договор којшто го постигнавме и влеговме во НАТО, нивната цел е кога ќе дојдат на власт, ако дојдат на власт, не дај боже да дојдат на власт да го поништат договорот и да почнат нови преговори. Кога ќе ги прашате што ви фали во тој договор зошто би го поништувале, зошто наново да почнуваме преговори тие не сакаат да ја видат клучната реченица во тој договор во кој вели има Македонци, има македонски јазик и тие се верификувани на ниво на Обединети Нации, на Европска Унија, на ниво на сите светски организации“ кажа Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.