Денеска ги повикавме граѓаните да ни се приклучат на овој голем сенароден, мирен и достоинствен протест против политиките на сегашната Влада. А, политиките на сегашната Влада се цело време поразителни. Можам да истакнам дека дојде време да кажеме дека е доста и дека е премногу од криминалот што го прават, од корупцијата што ја вкоренија во сите институции. Премногу е од потрошените средства на граѓаните на Македонија, премногу е од мешањето во судството, премногу е од партизирање на институциите, вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски во линковското вклучување за македонскиот јавен сервис МРТВ, од протестот за промени пред македонската Влада под мотото „Премногу е“.

Тој истакна дека со денешниот масовен протест им укажуваме на владата дека и е доста и дека треба да си замине веднаш, додавајќи дека ова е вллада предводена од СДСМ е влада која во изминатите пет догини потрошила најмногу народни пари, околу 20 милијарди евра, без при тоа да даде отчет и без ниту еден реализиран капитален проект во инетер на граѓаните.

Ние денес кажуваме дека на оваа Влада и е доста и треба да си замине веднаш, бидејќи е Влада која што потрошила до сега најмногу народни пари. Оваа Влада има потрошено за пет години 20 милијарди евра народни пари за кои што нема ниту отчет, ниту некој проект што е видлив и ние што можеме да кажеме дека, еве овој проект е од интерес за граѓаните. Затоа викаме, доста и е на оваа Влада, оваа Влада премногу направи штета на Македонија, затоа треба веднаш да си оди, истакна Сајкоски.

Додаде дека со оваа поддршка што ја имаме на денешниот собир и со интересот што е пројавен измнатите денови, верувам дека владата и луѓето кои што ја водат, ќе се убедат во насоката што ја движат Македонија дека е погрешна и дека ќе најдат разум за предвремени парламентарни избори.

Во однос на оценувањето како владата се справува со економската криза, вели дека ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку пати укажуваше на катастрофалните економски политики кои што ги прави оваа и при тоа даваше конкретни предлози и стручни тимови како таа да се надмени, но владата се одби.

Уште во септември минатата година укажавме и во Собранието, меѓутоа и со пораките кои што ги дадовме како партија за тим економски што може и што знае да ја помогне владата, пред се граѓаните ние ги помагаме, понудивме на владата за да може да ја извадиме државата од оваа економска криза. Исто така, ние преку Собранието, преку поднесување амандмани укажавме на владата дека за енергетската криза има решение. Ние како држава имаме свои сопствени ресурси на јаглен, кои што може да ги искористиме во периодот за да не увезуваме јаглем, меѓутоа и тоа не беше прифатено од страна на сегашната власт, потенцираше Сајкоски.

Што се однесува на прашањето за меѓународните договори, Сајкоски истакна дека сме сведоци дека оваа Влада е препознатлива по лоши меѓународни договори, по прифаќање на се.

Од она што сега можевме да го видиме, бидејќи немаме официјално соопштение од владата и каков документ е стигнат, можам да кажам дека владата се согласила на она што го донесло бугарското Собрание, рече Сајкоски.

Сајкоски додаде дека власта предводена од СДСМ државата ја носи од една во друга криза, при што на кракот на година се очекува сериозно продлабочување на економската и за тоа во интерес и на граѓаните и на државата е, час поскоро да има предвремени парламентарни избори.

Власта ја носи државата од една во друга криза и мислам дека најтешката криза ќе биде економската, која што ќе ја зафати државата од октомври, ноември, декември, затоа јас им укажувам на владата и сите ние укажуваме дека со нови предвремени избори ќе им помогнеме сите на граѓаните и тие како сегашно владеачко мнозинство кое што беше делегитимирано на локалните избори и со протестот сега што ќе биде тука, ито така ќе им биде укажано дека не е легитимна Влада, ние им укажуваме дека мора и треба да има предвремени парламентарни избори во инттерес на граѓаните и во интерес на државата, рече меѓу другото Сајкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.