Славниот моден дизјаер Пако Рабан почина во 89-та година од животот.

Тој беше роден во 1934 година во Баскија, а неговиот татко го убиле силите на Франко за време на Шпанската граѓанска војна. Мајката на Пако била главна кројачка во првата модна куќа на Кристобал Балансијага. Поради граѓанската војна во Шпанија тие се преселиле во Париз во 1937 одина.

Во средината на 50-те години, додека студирал архитектура во Национлната школа на убави уметности во Париз, Рабан заработувал пари правејќи модни скици за Диор и Живанши.

Својата модна кариера ја почнал со креирање накит за Живанши, Диор и Баленсијага, а сопствената модна куќа ја основал во 1966 година. Користел неконвенционални материјали како метал, пластика, хартија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.