ФИФА ги одби жалбите на Чиле и Перу кои бараа исклучување на Еквадор од Светското првенство во 2022 година, со образложение дека Бајрон Кастиљо нема право да игра за селекцијата на Еквадор во квалификациите.

Во жалбите се наведува дека во изводот на родените на Бајрон Кастиљо стои дека тој е роден во Колумбија и дека неговиот вистински датум на раѓање е 25 јули 1995 година, а не 10 ноември 1998 година, како што е наведено во официјалните документи на Еквадор.

– Родителите на Бајрон Кастиљо се родени во Тумако, Колумбија, Бајрон е роден во Тумако и таму е крстен. Нема докази дека тој има некаква врска со Еквадор и доказите се многу јасни – рече Едуардо Карлеко, кој ја претставува Фудбалската федерација на Чиле.

ФИФА одлучи дека нема ништо спорно во документите на Кастиљо и го прогласи Еквадор за учесник на Светското првенство.

– Меѓу другите размислувања, се сметаше дека врз основа на презентираните документи, се смета дека играчот има постојано еквадорско државјанство – се вели во соопштението на ФИФА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.