Додека чекала на граничниот премин на украинската страна, таа се соочила со очаен 38-годишен Украинец и неговите мали деца, ќерка и син. Граничарите не го пуштиле да помине. Украина им забрани на сите мажи на возраст меѓу 18 и 60 години да ја напуштат земјата.

„Таткото едноставно ми ги предаде своите две деца и нивните пасоши и ми довери да ги однесам на другата страна на границата“, рече 58-годишната Наталија.

Нивната мајка е на пат од Италија да ги пречека на граница, и рекол таткото. Потоа и го дал бројот на мобилниот телефон и се поздравил со неговите деца.

Наталија ги оставила своите возрасни деца во Украина. Нејзиниот син е полицаец, а ќерката медицинска сестра и не можат да ја напуштат државата. Таа ги земала двете малечки за рака и заедно ја минле границата.

Од унгарската страна, во Берегсурањ, чекаа седнати на клупа, гледајќи ја бескрајната колона бегалци како се прелеваат преку границата. И тогаш момчето заплака кога му заѕвони мобилниот телефон. Неговата мајка требаше да пристигне.

Кога се појавила 33-годишната Ана Семјук, со руса коса врзана во опавче, го гушнала синот и отишла кај ќерката која спиела на задното седиште од автомобилот, завиткана во розово ќебе. Потоа таа и се заблагодарила на Наталија. Стоејќи на студ, двете жени се гушкале и плачеле неколку минути.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.