Здружението на граѓани за негување на традицијата и хуманитарни вредности „Василичарите од Боемска“ денеска со почеток во 13:30 часот организираат хуманитарно дружење на Боемска улица во Дебар Маало, по повод празникот Василица.

Како што информираат од Здружението, сите средства собрани од продажбата на македонските традиционални јадења, како и греана ракија, греано вино и друго, ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства.

-Дојдете заедно да помогнеме на оние на кои им е најпотребно. Во духот на празниците, да си помагаме, да бидеме солидарни и хумани, се вели во нивното соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.