Во исхраната не треба да се игнорира интегралниот леб, гравот, зелениот зеленчук како кељ, спанаќ и блитва. По присуството на магнезиум се познати и семките од тиква и сончоглед, бадемите, оревите, меленото ленено семе, сусамот. Овие намирници претставуваат ризница на магнезиум, минерал неопходен за оптимална работа на организмот, особено срцето, мускулите и нервите. Во организмот, инаку, не се создава, а поради погрешна исхрана често го нема во доволни количини.
На ова треба да се обрне внимание, бидејќи поради долготраен стрес, загадување на животната средина, прекумерни количини на никотин и алкохол, а во летните жештини поради потење, доаѓа до негова голема потрошувачка. Последиците од дефицитот се нервоза и раздразливост, а ноќе грчеви во листовите кои го нарушуваат сонот. Практично, целокупната состојба на умот и телото се исфрла од рамнотежа при недостаток на магнезиум.
Ако се покаже дека овој начин на исхрана не е доволен за да ги обезбеди потребните количества на магнезиум, треба да се земаат и таблети во консултација со докторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.