Здружението на лекари специјализанти „ЗЛС Скопје“ го организира Првиот национален симпозиум на млади лекари.
Симпозиумот ќе започне на 10 ноември со почеток во 17:00 часот и ќе продолжи на 11 ноември во хотел „Мериот“ во Скопје, а на дводневната програма свое предавање ќе одржат експерти од Македонија, како и предавачи од други држави.
Целта на овој симпозиум е да ги обедини младите лекари од сите гранки на специјалности во правец на промоција на најновите препораки за лекување на заболувањата, како и да поттикне дискусија за идеи за поголема соработка помеѓу специјалностите и предизвиците со кои се соочуваат младите лекари при третман на пациентите.
Предавањата ќе се одвиваат во две паралелни хали групирани според пристапот, хируршки и нехируршки области, со акцент на интерна медицина, како и на споени сесии кои се од интерес на двете групи лекари. Посетата и учеството на 100 до 120 млади доктори, како и предавањата на еминентни експерти за глобалните теми на овој симпозиум му дава големо значење и го сместува во општествено корисни и активности што имаат многу пошироко значење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.