Само 22 минути брзо одење дневно исто толку време одвоено за домашни работи или за трчање може да ги неутрализира негативните здравствени последици кои се јавуваат поради долготрајно седење, покажа едно истражување.
Стручните лица забележале поголема веројатност од прерана смрт кај луѓе кои премногу седат поради работа во канцеларија или пред телевизор, но дошле до заклчок дека интензивна телесна активност го отстранува тој ризик.
Пример за умерена активност се брзо одење, 6,5 км на час или побрзо, интензивно чистење како на пример бришење прозорци, возење велосипед или играње бадминтон.
Интензивна активност вклучува и планинарење, трчање со брзна од 9,5 км на час или побрзо, работа во градина со лопата, играње фудбал, кошарка или тенис.
Во новото истражување, објавено во онлајн верзијата на списанието „British Journal of Sports Medicine“ стручни лица собралле податоци од 11.989 лица од Норвешка, Шведдска и САД постари од 50 години од кои половина биле жени.
Авторот на истражувањето, Едвард Сегелв од новвешкиот универзитет изјавил дека научниците со студијата откриле дека поголем ризик од прерана смрт е забележан само кај оние луѓе кои дневно седат повеќе од 12 саати. Притоа се мислии на кој било вид седење, од седење во канцеларија до гледање на телевизија подолго време.
Студијата покажала дека секоја минута на умерена до интензивна физичка активност го намалува ризикот од прерана смрт. Тоа значи дека дека ризикот би бил помал и кај испитаниците кои дневно вежбале и помалку од 22 минути, на пример, 10. И тоа било корисно, вели Сагелв.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.