Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на денешната заедничка прес-конференција со претседателот на Владата Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими информираше дека се одобрени вработувања на неопределено време за 1.117 лица ангажирани во јавното здравство.

Денеска решаваме статус на 1.117 лица медицински персонал, помошно-технички персонал, хигиеничари и возачи, со Одлука на Влада се отвора можност вработување на неопределено време во Јавните здравствени установи.

Средствата за одобрените вработувања на неопределено време се обезбедени во рамки на Јавните здравствени установи и Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија.

Изминатиов период иако во време на криза, инвестициите во здравството се големи. Инвестираме не само во опрема и инфраструктура, инвестираме и во кадар, зголемување на платите, додатоците на здравствените работници.

Како министер за здравство и во наредниот период ќе се залагам за инвестирање и во развој на човечкиот капитал во јавните здравствени установи. Ќе продолжиме со развој на примарната здравствена заштита, капитални инвестиции во изградба на нови и современи здравствени установи, како и инвестирање во обуки, едукација и развој на младиот медицински кадар во земјава. Единствено така ќе го подобриме и зјакнеме здравствениот систем во земјава“, изјави Меџити.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.