Доколку шеќерот во крвта ви е покачен подолг временски период, може да претставува сериозен ризик за појава на здравствени проблеми. Несомнено е потребно да бидете внимателни и да го следите, без разлика дали имате дијагностициран дијабетес или не.
Ако забележите дека се чувстувате жедни или гладни почесто од вообичаено, дека имате заматен вид, вкочанетост или трнење на стапалата, чувство на замор, честа потреба за мокрење, како и појава на разни инфекции на кожата и исекотини и рани кои потешко зараснуваат, потребно е да се обратите кај вашиот лекар за контрола и проверка на нивото на шеќерот во крвта. Препознавањето на раните симптоми може да значи и порана дијагноза, а со тоа и навремен третман и лекување.
Доколку ги занемарувате ове симптоми, високото ниво на гликоза во крвта може да доведе до сериозни последици како:
- срцеви заболувања,
- мозочен удар,
- оштетување на нервите,
- оштетување на бубрезите,
- оштетување на кожата,
- нарушен вид,
- дијабетска кома и смрт.
Ризикот од настанување на овие состојби, може да се намали со регулирање на шеќерот во крвта, односно со негово нормализирање и балансирање.
Во овој поглед, подразбираме внимавање и регулирање на исхраната, потоа редовна физичка активност, менаџирање на стресот, воведување на здрави и редовни навики за спиење и сл.
Сето ова, може навистина позитивно да влијае, па дури и целосно да ја промени здравствената слика кај лицата со дијабет, а со тоа и да ги намалиме ризиците од посериозни компликации и причини за загриженост за нашето здравје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.