Со цел лекување на железо дефицитната анемија, потребно е да се нормализира нивото на железо во крвта. Освен готовите препарати на железо, значајна улога во постигнување нормално ниво на железо, има и адекватната исхрана. Затоа, дознајте кои намирници се богати со железо.

Сусам
Сусамот е уште една здрава намирница која изобилува со железо. Освен тоа, сусамот е богат со цинк, бакар, витамин Е, магнезиум и фосфор.

Ова семе помага во превенција на остеопороза, го намалува холестеролот и го подобрува здравјето на крвните садови. Затоа, вклучете го во вашето секојдневно мени како додаток во салата или во главното јадење.

Леќа
Леќата е одличен извор на железо, а освен тоа е богата и со растителни влакна, што значи дека по оброкот ќе бидете сити подолго време. Дополнително, леќата помага за намалување на холестеролот и за регулирање на шеќерот во крвта.

Може да ја вклучите во сендвичи и салати или да ја приготвите како супа.

Семки од тиква
Семките од тиква се идеални за на вашето тело му ги обезбедите потребите минерали. Покрај со железо, тие се богати со манган, магнезиум, фосфор и цинк. Семките од тиква го подобруваат имунитетот и благодарение на антиоксидансите кои ги содржат, го штитат организмот од канцерогени промени. Затоа, вклучете ги во вашата секојдневна исхрана.

Може да ги набавите како готов производ или да ги одделите од тиква и сами да ги испечете.

Тофу
Тофуто кое е направено од соја, е фантастичен извор на протеини, железо и калциум. Освен тоа, тофуто има ниско ниво на холестерол, а содржи и витамини Б и К, тиамин, рибофлавин, омега-3 масни киселини, магнезиум и селен.

Благодарение на нутритивните состојки, оваа намирница покрај при железо дефицитна анемија, помага при превенција на кардиоваскуларни болести, рак на дојка, дијабетес и остеопороза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.