Сите четворица пациенти, од кои двајца беа во исклучително тешка здравствена состојба и на механичка вентилација, хоспитализирани во Единицата за интензивно лекување -КАРИЛ, повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес се во добра здравствена состоба и надвор од животна опасност, соооштија од ТОАРИЛУЦ.
На 16 октовмри се случи тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес во близина на Катланово. Загинаа тројца патници, а петмина беа префрлени в болница, откако се преврте комбе на автопатот Скопје-Велес. Во Велес следниот ден беше прогласен Ден на жалост.
Веднаш по хоспитализација на пациентите беше извршена тријажа, брза дијагностика и третман во соработка со Институт за радиологија, Клиниката за трауматологија, Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија, Клиниката за дигестивни болести и Клиниката за урологија.
Благодарност за натчовечките напори на дежурните и редовните медицински тимови. Сите четворица пациенти од кои двајца беа во критична состојба се успешно излекувани, информираат од ТОАРИЛУЦ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.