Лимон диетата вклучува комплетна детоксикација на организмот. Трае максимално две седмици, што е доволно време да се случат чуда, т.е. да се постигне посакуваната линија (може да се изгубат до 10 килограми доколку со ова се регулираат и порциите), да го изгубите целулитот и да го подобрите општото здравје.
Програмата е лесна: секој ден во соодветна количина топла вода разматете одредена количина сок од лимон. Една чаша, еден лимон, тоа е мерата.
Првиот ден се пие една чаша вода со сок од еден лимон, вториот ден две чаши вода со сок од два лимони и така сѐ до седмиот ден кога не се пијат седум туку три чаши вода со сок од три лимони.
Резултатите би требало да бидат видливи веќе после првата седмица.
Додека трае програмата избегнувајте алкохол, слатко, леб, тестенини и мрсна храна, а порциите треба да бидат лесни и помали.
Лимонот како што знаеме е една од најздравите намирници, извор на витамин Ц, прекрасен антиоксидант и антисептик, бустер на имуниот систем.
Пред да се одлучите за оваа диета треба да се консултирате со нутриционист или доктор, да ја проверите крвната слика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.