На сите ни се случило не сакајќи да проголтаме гума за џвакање, а митовите што се шират за тоа што се случува потоа, како на пример – „ќе ти се залепат цревата“, неретко и претерано нѐ загрижуваат.

Гастроентерологот д-р Лиса Ганџху за Базфид открива што сѐ точно се случува кога ќе голтнеме мастика и дали постои причина за загриженост.

Нашиот дигестивен тракт е исклучително силен. Ако може да преработи парче месо, може и мастика. Кога тоа еднаш ќе влезе внатре, ќе излезе како и сѐ друго. Не постои одреден временски период за преработка на мастиката, затоа што тоа зависи од човекот индивидуално, истакнува докторката и нагласува дека единствената разлика е во тоа што гумата за џвакање не се разградува целосно поради нејзините својства.

Сепак, Ганџху препорачува тоа да не ни се случува често бидејќи, сепак, мастиката може да се заглави во хранопроводот и да настанат сериозни проблеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.