Пролонгиран ковид-19 е состојба кога пациентот има негативен тест за коронавирус, но уште има симптоми или последици од болеста.
Всушност, се работи за голем спектар на симптоми, повеќе од сто, кои веќе погодиле милиони луѓе низ светот. Многу од фармацевтските компании веќе работат на лекови за да ги смират овие симптоми, особено оние кои произведоа орална терапија или инјектирачки моноклонски антитела против ковид-19.
Целта е сега да се третираат постковид симптомите, кои за жал, ги има кај речиси секој кој ја прележал болеста, без разлика дали имале симптоми или не.
Всушност, околу 20 лекови се во фаза на клинички испитувања, од кои сосема мал дел ја поминале првичната фаза. Состојбата ја отежнува тоа што пролонгираниот ковид не е дијагноза која се опишува со ограничен број на симптоми, туку може да се каже дека се манифестира индивидуално кај секого.
Потрагата по лекот сигурно ќе биде долга, но она што дава надеж е фактот дека сепак некои препарати успеале да дојдат до фазата на клиничко испитување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.