Симптомите на инфекција започнуваат со лезии или рани во близина на местото што било изложено на габата. Но, инфекцијата може да влијае на очите, белите дробови, коските и зглобовите.

Во Европа, поточно во Велика Британија, се појави ретка инфекција која на луѓето ја пренесуваат мачки. Досега случаи на зараза се регистрирани само во Јужна Америка, а сега првите случаи на европско тло се забележани и во Велика Британија.

Станува збор за кожна болест, прилично болна, која меѓу другото се манифестира и со рани и чиреви, најчесто на рацете.

Здравствените служби во Обединетото Кралство тврдат дека сите тие се заразиле со габична инфекција од истата мачка што семејството ја донела од Бразил, каде што габата е сè пораспространета и станала опасност по јавното здравје.

Сите три заразени лица биле позитивни на бактеријата Sporothrix brasiliensis, само еден вид габа. Мајка, ќерка и ветеринар биле изгребани од истата мачка. Побарале лекарска помош и сите оздравеле. Инфекцијата обично се лекува со антигабични лекови повеќе од шест месеци, пишува Дејли Мејл.

Симптомите на инфекција започнуваат со лезии или рани во близина на местото што било изложено на габата. Но, инфекцијата може да влијае на очите, белите дробови, коските и зглобовите. Во ретки случаи, може да влијае на централниот нервен систем.

Габата се шири со каснување или гребење на заразена мачка. Нема регистрирани случаи на пренесување од човек на човек. Ретко, заразено лице може да добие пневмонија ако ги вдишува спорите на габата, што предизвикува симптоми како што се отежнато дишење, кашлица и треска.

Светската здравствена организација предупреди дека габичните инфекции стануваат голема закана за јавното здравје бидејќи поради климатските промени, животната средина станува се попогодна за нивен развој и размножување.

До средината на 1990-тите, габата Sporothrix brasiliensis беше во голема мера непозната. Првите случаи на зараза со овој патоген започнаа во Рио де Жанеиро, а беше утврдено дека преносот на луѓе се случува главно преку мачки скитници. Циркулацијата на габата Sporothrix brasiliensis е забележана и во Аргентина, Парагвај, Боливија, Колумбија и Панама.

Габите од родот Sporothrix живеат главно во почвата и некои растенија, но поради некоја причина во Јужна Америка тие многу добро се прилагодиле на мачките. Транзицијата кон луѓе беше само прашање на време, а во Аргентина, на пример, од 2011 година, бројот на заразени лица се зголеми за четири пати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.