ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, по повод 1 декември – Светски ден на СИДА, во соработка со средното училиште СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ организира работилница за средношколци, која ќе биде спроведена од тим на средношколци, а со цел да им пренесат знаења на своите соученици, пријатели и познаници на темата сексуално преносливи инфекции, со фокус на важноста од ХИВ превенцијата.
Работилницата ќе се одржи на 28 ноември, четврток, со почеток во 11.30 часот во просториите на СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“.
Пред почетокот на работилницата, изјави за медиумите по повод Светскиот ден на СИДА ќе дадат претставници на ХЕРА, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ и Оддел за епидемиологија на заразни заболувања – Институт за јавно здравје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.