Поради ретка болест која целосно му ја уништила рожницата и површината на окото, 83-годишникот го изгубил видот пред 30 години на едното, а пред десет години на другото. Благодарение на специфична трансплантација на дел од едното око на местото на другото, лекарите од болницата „Молинете“ во Торино успеале да му го вратат видот!

Тимот хирурзи беше предводен од професорот Микеле Реибалди и директорот на очната клиника „Молинете“ и претседател на италијанското здружение за корнеа и матични клетки Винченцо Сарникола. Тој објасни дека не е можно да се врати видот на левото око, но остатокот е површно добро сочуван. Трансплантацијата на неговиот дел на десното око му овозможила на мажот повторно да гледа, а операцијата траела четири часа.

Новината е што ја проширивме трансплантацијата на рожницата на целото око, на конјунктивалното склерално ткиво, кое игра фундаментална улога во тоа колку ќе биде успешна трансплантацијата во одредени услови. Око кое е слепо сепак има функционални аспекти. Во последните дваесет години границите на трансплантацијата се поместени и направивме огромни чекори, а Италија има водечка улога во светот, објасни проф. Сарникола.

Само две недели подоцна, пациентот може да препознае луѓе, предмети и што е најважно – да се движи самостојно. Левото око е реконструирано за естетски цели благодарение на донорското ткиво, а лекарите нагласуваат дека никогаш нема да ги заборават првите зборови на пациентот по операцијата.

Кога се разбудив и повторно почнав да го гледам обликот на моите прсти, како да сум се преродил, биле првите зборови на пациентот кој живее во Торино.

Во последните неколку години му беа извршени две традиционални трансплантации на десното око, кои, за жал, не вродија со плод, па беше донесена одлука за прв пат во светот да се изврши операција „автотрансплантација“ од лево на десно око. Една третина од левото око била „автотрансплантирана“ на десното око, кое на овој начин било реконструирано и на пациентот му се вратил видот. Лекарите се надеваат дека, со оглед на тоа што трансплантацијата е направена со помош на сопствениот „материјал“ на пациентот, нема да дојде до отфрлање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.